Ниело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ниело-техника на украсување

Ниело (од латински: nigellum, деминутив - од црно, црникаво) — темна легура, составена од сребро, бакар, олово и сулфур кој асе користи за украсување на скапоцени предмети од метал. Понекогаш се нарекува и тула, по градот Тула јужно од Москва кој бил познат по овој начин на украсување. На почетокот техниката е нарекувана по латинското име, за да во текот на ренесансата добие назив ниело.[1]

Се смета дека потекнува од Стариот Египет, од времето на XVIII династија (1540 — 1292 пр. н.е.) или од истиот период од Крит или од Микена.[2] Голема популарност овој начин на украсување достигнува во времето на Стариот Рим и подоцна во текот на византискиот период.

Со оваа техника орнаментот прво се врезувал на површината, па потоа во таа вдлабнатина се внесувала оваа темна смеса.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Harper, Prudence O. Silver Vessels of the Sasanian Period: Royal Images. Vol. 1. New York: Princeton University Press. 1981.
  • Oddy, W.A., M. Bimson, and La Niece S. The composition of Niello decoration on gold, silver and bronze in the antique and mediaeval periods. Studies in Conservation v28 Feb 1983.