Визалтија (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нигридско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Визалтија
Δήμος Βισαλτίας
Dimos Visaltias - Central Macedonia.svg
Општина Визалтија на картата на областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Сер
Гео. област: Серско Поле
Население: 26 127 (2001)
Седиште: Нигрита
Нас. места: 29
Пошт. бр.: 622 00
Пов. бр.: 23220-2
Портал: dimosvisaltias.gr/

Визалтија (грчки: Δήμος Βισαλτίας, Димос Визалтијас) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Нигрита. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за Нигритско (Нигридско).

Општината е наречена по некогашната долномакедонска област Визалтија (Бисалтија), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Оваа област ја опфаќала територијата помеѓу реката Струма и Тахинското Езеро на исток и Крестонија на запад.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Визалтија е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Визалтија, Нигрита, Тахино (Ахинос) и Черкезќој (Трагилос).

Општинска единица Визалтија[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Визалтија на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Визалтија со седиште во Димитрич има население од 8 563 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Димитрич
  • село Димитрич (Δημητρίτσι, Димитрици) (1 461 жител)
  • Општински оддел Авдамал
  • село Авдамал (или Авдаман; Σησαμία, Сисамија) (996 жители)
  • Општински оддел Копач
  • село Копач (или Копачи, Копач Маала; Βέργη, Верги) (1 279 жители)
  • Општински оддел Макеш
  • село Макеш (Άμπελοι, Амбели) (945 жители)
  • Општински оддел Махмутли
  • село Махмутли (или Махмуџи, Τριανταφυλλιά, Триандафилија) (963 жители)
  • Општински оддел Мерџан
  • село Мерџан (Λυγαριά, Лигарија) (617 жители)
  • Општински оддел Нигослав
  • село Нигослав (Νικόκλεια, Никоклија) (1 316 жители)
  • Општински оддел Сува Бања
  • село Сува Бања (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; претходно Ξυλότρος, Ксилотрос) (986 жители)

Општинска единица Нигрита[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Нигрита на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Нигрита (Δήμος Νιγρίτας) има население од 9783 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Нигрита
  • Општински оддел Байрактар махала
  • Општински оддел Лаџа
  • село Лаџа (Θερμά, Терма) (574 жители)
  • Општински оддел Фиток
  • село Фиток (Ανθή, Анти) (625 жители)
  • Општински оддел Черпишта

Општинска единица Тахино[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Тахино на картата на некогашниот округ Сер.
Каваки

Според пописот од 2001 г., општината Тахино (Δήμος Αχινού) со седиште во Џинџос (Ситохори) има население од 3008 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Џинџос
  • село Џинџос (Σιτοχώρι, Ситохори) (663 жители)
  • Општински оддел Ежово (466 жители)
  • село Ежово (Δάφνη, Дафни) (386 жители)
  • село Кизили (Ορέσκεια, Орескија) (80 жители)
  • Општински оддел Жервохор
  • село Жервохор (Ζερβοχώρι, Зервохори) (117 жители)
  • Општински оддел Каваки
  • село Каваки (Λευκότοπος, Левкотопос) (273 жители)
  • Општински оддел Патрик
  • село Патрик (Πατρίκι, Патрики) (367 жители)
  • Општински оддел Тахино
  • село Тахино (Αχινός, Ахинос) (731 жител)
  • Општински оддел Хумкос (391 жител)
  • село Хумкос (Χουμνικό, Хумнико) (251 жител)
  • село Сајта (Λαγκάδι, Ланкади) (140 жители)

Општинска единица Черкезќој[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Черкезкьой на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Черкезќој (Δήμος Τραγίλου) со седиште во Мунух (Мавроталаса) има население од 4 773 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Мунух
  • село Мунух (Μαυροθάλασσα, Мавроталаса) (1 703 жители)
  • Општински оддел Гајдарохор
  • Општински оддел Ниверо
  • село Ниверо (Ίβηρα, Ивира) (813 жители)
  • Општински оддел Кучос
  • село Кучос (Ευκαρπία, Евкарпија) (727 жители)
  • Општински оддел Омур Беј
  • село Омур Беј (или Умур Беј; Καστανοχώρι, Кастанохори) (153 жители)
  • Општински оддел Стара Бања
  • село Стара Бања (или Палиотрос; Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос) (394 жители)
  • Општински оддел Черкезќој
  • село Черкезќој (или Черкез Маала; Τράγιλος, Трагилос) (575 жители)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]