Прејди на содржината

Нзоја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Река Нзоја (горе лево)

Реката Нзоја — река во Кенија со должина од 257 км, која извира од ридовите Черангани. Минува низ Капсара, Спрингер и Мојс Бриџ, а потоа преминува во округот Какамега. Тече кон југ, а потоа кон запад, за на крајот да се влее во езерото Викторија во близина на градот Порт Викторија.

Реката има излив од околу околу 3.721 милиони кубни метри годишно, што ја прави втора најголема река во земјата по истекување.

Реката е важна за Западна Кенија, бидејќи тече низ регион за кој се проценува дека е населен со над 3,5 милиони луѓе. Нејзините води обезбедуваат наводнување преку целата година, додека годишните поплави околу низинската област Будаланг'и таложат седимент што придонесува за развиено земјоделство во областа, иако раселуваат стотици луѓе и уништуваат населби.

Околу индустрискиот регион со седиште Вебује, реката апсорбира многу нечисти води од фабриките за хартија и шеќер во областа. Реката поседува многубројни водопади и има значителен потенцијал за производство на хидроелектрична енергија. Нзоја доживува годишни поплави на рамниот и мочурлив долен крај поради обратниот тек на езерото Викторија. Ова води до трајна хуманитарна криза во поплавните рамнини Будаланги.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]