Не чепкај го полицаецот додека спие
Изглед
„Не чепкај го полицаецот додека спие“ (француски: Ne reveillez pas un flic qui dort) – филм на режисерот Хозе Пињеро од 1988 година. Главната улога ја игра Ален Делон, а покрај него настапуваат и Мишел Серо и Завие Делук.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Една десничарска група полицајци почнува да им се одмаздува на дилерите на дрога и на другите криминалци кои имаат шанса да се извлечат на суд. Полицискиот инспектор Гриндел ги разбира нивните мотиви, но не се слага со нив. Кога групата, без никакви причина, почнува да напаѓа и полицајци, инспекторот решава да се вклучи во пресметката со неа...