Не гледај нагоре (филм од 2021)
Не Гледај Нагоре е американски сатиричен филм со научна фантастика. Филмот е снимен во 2021 година, во режија на Адам MекKеј. Главните улоги ги играат Леонардо Ди Каприо и Џенифер Лоренс како двајца астрономи кои се обидуваат да го предупредат човештвото за комета која се приближува да ја уништи човековата цивилизација. Останатите улоги во филмот ги играат: Роб Морган, Јона Хил, Марк Риланс, Тајлер Пери, Рон Перлман, Aриана Гранде, Скот Мескади, Химеш Пател, Меланија Линскеј, Кејт Бланшет и Мерли Стрип.
Филмот беше најавен во ноември 2019 и купен од страна на Нетфликс неколку месеци подоцна. Снимањето требало да започне во април 2020 во Америка - Масачусетс но бил одложен поради COVID-19 пандемија; Тој конечно почнал да се снима во ноември 2020 и завршен е во февруари 2021.
Не Гледај Нагоре почна со лимитирани прикажувања во кината сè до започнувањето на стриминг на платформата Нетфликс на 24 декември. Тој доби мешани критики од критичарите, но со големи пофалби за глумците. Филмот доби четири номинации на 79тиот Златен Глобус Награди, вклучувајќи и за Најдобар филм – Мјузикл или Комедија и шест номинации во 27 Критичари' Choice Awards, вклучувајќи и за најдобра фотографија. На 5 јануари 2022, бил поставен нов рекорд за најмногу гледања во часови за само една недела и го направи третиот најгледан филм на Нетфликс од неговото постоење.[1]
Глумечка екипа
[уреди | уреди извор]
- Леонардо ди Каприо како д-р Рандал Минди, професор по астрономија на Државниот универзитет во Мичиген (MSU)
- Џенифер Лоренс како Кејт Дибијаски, доктор на МСУ по астрономија. Лоренс.[2]
- Роб Морган како д-р Теди Оглеторп, шеф на Канцеларијата за координација на планетарна одбрана
- Кејт Бланшет како Бри Еванти, ко-водител на The Daily Rip
- Мерил Стрип како Џени Орлеан, претседател на САД
- Џона Хил како Џејсон Орлеан, началник на персоналот и син на Џени.
- Марк Рајленс како Питер Ишервел, технолошки милијардер извршен директор на БАШ
- Тајлер Пери како Џек Бремер, уште еден ко-водител на The Daily Rip
- Тимоти Шаламе како Јул, млад крадец
- Рон Перлман како полковник Бенедикт Драск, добитник на претседателски медал на слободата
- Аријана Гранде како Рајли Бина, популарна меѓународна музичка ѕвезда и свршеница на диџеј Чело
- Скот Мескади како диџеј Чело, исто така популарна меѓународна музичка ѕвезда и свршеник на Рајли
- Химеш Пател како Филип Кај, новинар во Аутопсијата и момчето на Кејт
- Мелани Лински како Џун Минди, сопругата на Рандал
- Мајкл Чиклис како Ден Павкети, водител на конзервативната Патриот News Network
- Томер Сисли како Адул Грелио, виш уредник во Њујорк Хералд
- Пол Гилфојл како генерал-полковник на американските воздухопловни сили Стјуарт Темс, врска на Пентагон со Белата куќа
- Роберт Џој како Конгресмен станар
Продукција
[уреди | уреди извор]MсКај го опишува филмот како "мешавина од комедија" со елементи на катастрофа и хорор филмови.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Prang, Allison (January 5, 2022). „'Don't Look Up' Breaks Netflix Record for Weekly Viewership“. The Wall Street Journal. Посетено на January 6, 2022.
- ↑ Valby, Karen (November 22, 2021). „Jennifer Lawrence: "I Didn't Have a Life. I Thought I Should Go Get One"“. Vanity Fair. Посетено на December 29, 2021.
- ↑ Aurthur, Kate (January 3, 2022). „Adam McKay on the Ending(s) of 'Don't Look Up': DiCaprio's Last-Minute Line, Streep's Improv and Brontarocs“. Variety. Посетено на January 3, 2022.