Неџбедин Беадини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Неџбедин Беадини (алб.: Nexhbedin Beadini, Камењане, тетовско 28 јануари 1964) е македонски биолог и универзитетски професор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Беадини е роден на 28 јануари 1964 година во тетовското село Камењане[1]. Дипломирал биологија на Универзитетот во Приштина во 1990 и докторирал на Универзитетот во Загреб во 1996 година. Тој е еден од основачите и ректор на Тетовскиот државен универзитет. Подоцна е разрешен од функцијата[2].

Има објавено поголем број научни и стручни трудови од областа на биологијата, цитологијата, молекуларната физиологија и хистологијата. Во 2008 година има добиено кривична пријава за злоупотреба на државни пари во вредност од милион и 400 илјади евра[3].

Рефренци[уреди | уреди извор]

  1. „CV AKADEMIKE“ (PDF) (албански). ЈИЕ. конс. 2009-10-30. 
  2. „Беадини е законски разрешен- се огласи министерот за Образование -инспекцијата ги открива грешките“ (македонски). Канал 5. 12.10.2006. конс. 2009-10-30. 
  3. „Кривична пријава за Неџбедин Беадини“ (македонски). А1. 07.03.2008. конс. 2009-10-30.