Нешто (филм од 1982)
„Нешто“ | |
---|---|
Режисер | Џон Карпентер |
Продуцент | Дејвид Фостер Лоренс Тармен Вилбур Старк Стјуарт Коън |
Сценарист | Бил Ланкастер |
Главни улоги | Курт Расел Вилфорд Бримли Кејт Дејвид |
Кинематографија | Дин Канди |
Дистрибутер | Юнивърсъл Студиос |
Времетраење | 109 мин. |
Држава | ![]() |
Јазик | англиски норвешки |
Буџет | 15.000.000 $ |
Бруто заработка | 19.629.760 $ |
Нешто (англиски: The Thing) — научнофантастичен филм на Џон Карпентер од 1982 година, со Курт Расел во главната улога. Преработка е на филмот „Нешто од друг свет“ од 1951 година, заснован на романот „Кој е тоа?“ на Џон Кембел. По премиерата филмот се здобил со многу негативни критики, пред сè ради преголемата употреба на практичните ефекти, како и тоа што воопшто не се совпаѓал со содржината од оригиналниот филм „Нешто од друг свет" од 1951 година. Дел од неуспехот се должи и на тоа што во ист период во киносалите се прикажувал Е.Т. на Стивен Спилберг кој прикажува една поинаква и попријатна приказна за пријателството меѓу дете и вонземјанин. Како и да е со тек на времето „Нешто" ја добива наклоноста на публиката, и станува многу популарен помеѓу обожавателите на Хорор филмовите. Денес филмот се смета за еден од најдобрите хорор филмови некогаш направени, благодарение на таа популарност во 2002 излага видео игра која ја продолжува приказната од филмот, а во 2011 излага и филм во кој содржината се случува во Норвешката база на Антарктикот пред настаните од оригиналниот филм.
Глумечки состав[уреди | уреди извор]
- Курт Расел — Ар Џеј Макрејди, пилот;
- Уилфорд Бримли — д-р Блер, биолог;
- Кејт Дејвид — Чајлдс, механичар;
- Доналд Мофат — Гери, заповедник во станицата;
- Ричард Мазур — Кларк, ветеринар;
- Дејвид Кленон — Палмер, помошник-пилот и механичар;
- Чарлс Халахан — Норис, геолог;
- Џоел Полис — Фюкс, помошник биолог;
- Т.К. Картер — Ноулс, готвач;
- Ричард Дисарт — д-р Копар, лекар;
- Томас Вејтс — Windows;
- Питер Малоуни — Бенингс, метеоролог.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|