Нешто (филм од 1982)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нешто (филм, 1982))
„Нешто“
РежисерЏон Карпентер
ПродуцентДејвид Фостер
Лоренс Тармен
Вилбур Старк
Стјуарт Коън
СценаристБил Ланкастер
Главни улогиКурт Расел
Вилфорд Бримли
Кејт Дејвид
КинематографијаДин Канди
ДистрибутерUniversal Studios
Времетраење109 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
норвешки
Буџет15.000.000 $
Бруто заработка19.629.760 $

Нешто (англиски: The Thing) — научнофантастичен филм на Џон Карпентер од 1982 година, со Курт Расел во главната улога. Преработка е на филмот „Нешто од друг свет“ од 1951 година, заснован на романот „Кој е тоа?“ на Џон Кембел. По премиерата филмот се здобил со многу негативни критики, пред сè поради преголемата употреба на практичните ефекти, како и тоа што воопшто не се совпаѓал со содржината од оригиналниот филм „Нешто од друг свет" од 1951 година. Дел од неуспехот се должи и на тоа што во ист период во киносалите се прикажувал Е.Т. на Стивен Спилберг, кој прикажува една поинаква и попријатна приказна за пријателството меѓу дете и вонземјанин. Како и да е со тек на времето „Нешто" ја добива наклоноста на публиката, и станува многу популарен помеѓу обожавателите на филмовите на ужасите. Денес филмот се смета за еден од најдобрите филмови на ужасите што некогаш биле направени, благодарение на таа популарност во 2002 излегува видеоигра што ја продолжува приказната од филмот, а во 2011 излегува и филм во кој содржината се случува во Норвешката база на Антарктикот пред настаните од изворниот филм.

Глумечки состав[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: