Нешто позајмено (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Нешто Позајмено“
200п
Филмски постер
РежисерЛук Гринфилд
ПродуцентХилари Свонк
Моли Миклер Смит
Бродерик Џонсон
Ендру Косов
Арон Лубин
Памела Шеин Марфи
НастапуваатЏенифер Гудвин
Кејт Хадсон
Џон Красински
Колин Еглисфилд
Стив Хоуи
Ешли Вилијамс
МузикаАлекс Варман
КинематографијаЧарлс Мински
МонтажаЏон Акселрад
СтудиоAlcon Entertainment
2S Films
ДистрибутерВарнер Брос.
Премиерамај 6 2011 (2011-05-06)
Времетраење112 минути
ДржаваСоединетите Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет35 милиони долари

Филмот „Нешто позајмено“ е американска романтична комедија од 2011 година којашто се базира врз истоимената книга од Емили Гифин, во режија на Лук Гринфилд, а улогите ги играат Џенифер Гудвин, Кејт Хадсон, Колин Еглисфилд и Џон Красински - и е во дистрибуција на „Warner Bros“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Рејчел Вајт (Џенифер Гудвин) е една правничка којашто работи во една правна фирма во Њујорк. Откако се опила на нејзиниот 30-ти роденден, Рејчел со Декс (Колин Еглисфилд) фаќаат такси и тогаш сфаќа дека е затрескана во него уште од кога била на факултет. Но проблемот е што Декс е вереник на нејзината најдобра другарка Дарси (Кејт Хадсон). Утредента се будат заедно во кревет од телефонските повици на Дарси. Декс се искраднува и немаат време да зборуваат за она што се случило меѓу нив. На почетокот, Рејчел мисли дека се се случило за една вечер, но откако Декс ќе и каже дека е вљубен во неа, всушност ќе започнат една искрена врска. На Дарси и на неколкумина други им кажуваат еден куп лаги. Рејчел постојано измислува лажни приказни за сексуални врски со Етан и Маркос за да ги прикрие сексуалните средби со Декс.

Етан (Џон Красински) е пријател со Дарси и Рејчел уште од детството. Тој е единствениот којшто знае што се случува помеѓу Рејчел и Декс и безволно ја чува оваа тајна. Во меѓувреме, мајка му на Декс (Џил Ајкенбери) пати од депресија веќе некое време и единственото нешто што ја прави здрава и среќна е венчавката на Декс и Дарси. На 4ти јули, Декс заминува во Хамптонс за да остане во градот и да го помине викендот со Рејчел и тогаш налетуваат на неговите родители. Татко му се сомнева дека има нешто помеѓу нив и му вели на Декс да прекине што е можно побрзо и дека не треба да му биде приоритет тоа што го сака доколку тоа е спротивно на она што е правилно. Поради мислењето на неговите родители, Декс се однесува ладно кон Рејчел, ја остава и ѝ се враќа на Дерси.

Како што се наближува венчавката, Декс и Рејчел зборуваат сè помалку и помалку. Додека се на плажа, Етан за малку ќе ја откриеше нивната тајна бидејќи е разочаран од Рејче особено заради тоа што ги лаже оние кои ѝ се битни, но таа го удира со рекет за бадминтон по лицето. Тој се здобива со тешка повреда на носот. Етан е разочаран од Рејчел бидејќи таа не гледа дека тој е единствениот што се грижи за неа. Истата вечер во барот, Рејчел конечно му кажува на Декс дека сака да ја откаже венчавката за да можат да бидат заедно, но тој ѝ вели дека не може да го стори тоа.

Етан се сели во Лондон поради работа и Рејчел оди да го посети. Тој ѝ открива дека ја сака и само сака таа да е среќна, но е тажен бидејќи таа одбива да види што е правилно. Рејчел се враќа во Њукорк и го наоѓа Декс како седи кај нејзе пред врата. Тој ѝ кажува дека раскинал со Дарси и ја откажал венчавката.

Рејчел е пресреќна сè додека Дарси не дојде кај неа да ја моли да зборуваат. Декс се крие и Дарси влегува кај неа. Таа ѝ кажува дека го изневерувала Декс со неговиот другар Маркос. Освен тоа, таа е бремена од Маркос и тие се многу среќни. Рејчел ја благословува и кога Дарси си заминува, се враќа да ја праша Рејчел зошто палтото на Декс е кај неа. Тогаш Декс излегува и Дарси сфаќа дека Рејчел е другата жена. Таа збеснува и излегува од станот кажувајќи и на Рејчел дека ја мрази.

По два месеци, Рејчел и Дарси се среќаваат на улица. Тие не си зборуваат од случката. Дарси вели дека е среќна но не звучи баш убедливо. Рејчел не жали за тоа што спиела со Декс, но жал ѝ е за тоа што ја повредила Дарси. Тие се разделуваат, но се вртат и се погледнуваат, а Дарси се насмевнува и мавта. Рејчел оди до ќошето каде што Декс седи на оградата. Тие си одат заедно.

Филмот завршува со една двосмислена сцена додека ја даваат листата на учесници. Дарси доаѓа да го изненади Етан во Лондон, а тој се обидува да ја игнорира и брзо си заминува. Екранот станува црн и се појавува текст дека приказната ќе продолжи, што може да значи дека ќе следи филм којшто ќе се базира врз книгата „Нешто сино“, којашто е продолжение на книгата „Нешто позајмено“.