Прејди на содржината

Нечкински национален парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нечкински национален парк
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Нечкински национален парк
МестоУдмуртија Русија Русија
Најблизок градИжевск и Воткинск
Површина207 52 км2
Воспоставен(а)16. октомври 1997 година
Управно телоФедерално-државна инситуција Нечкински национален парк

Нечкинскиот национален парк ( руски: Нечкинский национальный парк) е еден од Националните паркови во Русија и важен биолошко-културен резерват на Република Удмуртија. Сместен е во централниот дел на долината на реката Кама, нејзините притоки реката Сива и крајбрежниот дел на Воткинското вештачко езеро. Нечкискиот национален парк се наоѓа на западната страна на Урал.[1] Територијата на националниот парк е претежно пошумена, со голем број плавни земјишта и голем број археолошки места. Паркот се наоѓа во близина на градовите Ижевск и Воткинск, зафаќа површина од 207,52 км2, а основан е на 16 октомври 1997 година.

Топографија

[уреди | уреди извор]

Паркот ја покрива пошумената долина на сливот на реката Сива, притока на Кама. Долината е длабока околу 110-160 метри и ширина 3-20 км. Асиметрична е, бидејќи левиот брег е рамен, а десниот брег е стрмен, каде што се протегаат ридовите.[2]

Клима и екологија

[уреди | уреди извор]

Во Нечкинскиот националниот парк преовладува умереноконтинентална клима, а постои голема разлика помеѓу зимските и летните температури. Зимите се долги и студени, а летата кратки и врнежливи. Просечните температури се движат од -12 °C во јануари до 18 °C во јули. Годишните врнежи во просек се 508 мм.[3]

Екорегијата на националниот парк ги вклучува Сарматичките мешани шуми, а има и голем број езера и мочуришта од Балтичкото Море, источно од Урал. Шумската област вклучува и иглолисни и листопадни дрвја, со големо подрачје на земјоделско земјиште.[4][5]

Флора и фауна

[уреди | уреди извор]

Шумските подрачја вклучуваат бореални четиринарски шуми, мешани и степски шуми. Олиготрофните и мезотрофните ридови се наоѓаат на помала надморска височина. [2] Сибирската смрча расте околу езерото и мртвиците. На левиот и десниот брег на реката Сива растат борови шуми, Abies pindrow и Larix sibirica. Даб, јасика и бреза растат во долните делови на националниот парк.[5] Во рамките на националниот парк има 712 видови васкуларни растенија, што претставува 70% од сите видови на Република Удмуртија.

Со пописот на животински видови во паркот во 2002 година евидентирани се 50 видови цицачи, 191 вид птици, 5 видови влекачи, 8 видови водоземци и 37 видови риби. Извршени се специјални студии и пописи на мекотели од кои има 33 видови, пајаци (120 видови), тврдокрилци (600 видови) и 500 видови пеперутки.[5] Ретки видови вклучуваат сибирски воден крт, кој е исто така загрозен вид.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во паркот се пронајдени остатоци од рани населби на стари ловци и рибари од 3—2 милениум п.н.е.[6] Најраните археолошки наоѓалишта што можат да се идентификуваат се остатоци од утврдени населби од железно време од првиот милениум п.н.е., кои се поврзани со Ананинската култура.[7]

Во рамките на Нечкинскиот националниот парк, постојат неколку образовни програми кои се занимаваат со еколошки теми поврзани со паркот. Вработените во паркот се исто така достапни како водичи низ паркот.[8] Најдолгата патека наречена Драги предци во паркот е долга 25 km и има четири одморалишта долж рутата, две палуби за набудување и премини по старите патеки што ги кориселе месното население. Во рамките на паркот има две плажи за пливање на реката Кама и две скијачки патеки.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. „Official Site: Nechkinsky National Park“. FGBU National Park Nechkinsky.
  2. 1 2 „Nechkinsky National Park“. Protected Areas Russia.
  3. „Climate Data, Izhevsk“. world-climates.com. Архивирано од изворникот на 25 декември 2015. Посетено на 5 април 2018.
  4. „Sarmatic Mixed Forests“. globalspecies.org. Архивирано од изворникот на 9 ноември 2017. Посетено на 5 април 2018.
  5. 1 2 3 „Nechkinsky - Landscapes (in Russian)“ (руски). Official site of National Park Nechkinsky. Посетено на 15 февруари 2018.
  6. „Nechkinsky - History (in Russian)“ (руски). Official site of National Park Nechkinsky. Посетено на 15 февруари 2018.
  7. Perevozchikova, SA; Chernykh, EM (2015). „UST'-NECHKINSKIY FORTIFIED SETTLEMENTS IN THE MIDDLE KAMA REGION DURING THE ANANYINO CULTURE (TOPOGRAPHY, LAYOUT, INVENTORY)“. The Volga Region Archaeology Scientific Journal. Посетено на 22 декември 2015.
  8. „Nechkinsky - Tourist Routes (in Russian)“ (руски). Official site of National Park Nechkinsky. Посетено на 15 февруари 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]