Нефункционални барања

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нефункционалните барања се оние барања кои што ја опишуваат работата на системот, односно се однесуваат на некоја специфична карактеристика на системот. Се разликуваат од функционалните барања, кои ги опишуваат однесувањата или функционалностите на системот. Планот за имплементирање на функционалните барања е наведен во дизајнот на системот, додека пак планот за имплементирање на нефункционалните барања е наведен во архитектурата на системот. Генерално кажано функционалните барања дефинираат што треба системот да прави, додека нефункционалните дефинираат како системот треба да биде.

Иако најмногу се користи терминот ,,нефункционалните барања‘‘ сепак тие можат да се сретнат и под имиња како: ,,квалитети на системот‘‘, ,,квалитети за услужни барања‘‘, ,, атрибути за квалитет‘‘ и други имиња. [1]

Барањата за квалитети, кои спаѓаат под нефункционалните барања, можат да бидат поделени на две главни категории и тоа:

  1. Квалитети на извршување – како што се сигурноста и употребливоста, кои што можат да бидат разгледувани во време на извршување.
  2. Квалитет за проценка – такви се проверливоста (англиски: testability), одржливоста, проширливост и размерливост кои што се вметнати во статичката структура во системот.[2][3]

Примери[уреди]

Системот да овозможи прикажување на бројот на записи во базата. Ова е функционално барање, но доколку од системот се бара веднаш да го прикаже бројот на записи, во моментот кога е побарано, тогаш е нефункционално барање. Значи мора да архитектурата на системот да биде така направено што ќе го реализира ова барање во најкратко време. Други примери за нефункционални барања се барањата за:

  • Достапност
  • Безбедност
  • Перформанси
  • Сигурност
  • Ефикасност
  • Интероперабилност
  • Платформа
  • Време на одговор
  • Еластичност
  • Приватност
  • Портабилност


Наводи[уреди]

  1. Stellman, Andrew; Greene, Jennifer (2005). „Applied Software Project Management“. O'Reilly Media. стр. 113. ISBN 978-0-596-00948-9. http://www.stellman-greene.com/aspm/. 
  2. Wiegers, Karl E. (2003). „Software Requirements, Second Edition“. Microsoft Press. ISBN 0-7356-1879-8. 
  3. Young, Ralph R. (2001). „Effective Requirements Practices“. Addison-Wesley. ISBN 978-0201709124. 

Надворешни линкови[уреди]

Научни линкови

Примери

Modeling non-functional properties in SOA

Agile non-functional requirements