Неферкаре Пеписенеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Неферкаре Пеписенеб
Неферкаре Керед Сенеб, Неферкаре VI
Картуш на Неферкаре Пеписенеб од Кралскиот список од Абидос.
Фараон на Египет
ВладеелНајмалку 1 година, Осма египетска династија
ПретходникНеферкахор
НаследникНеферкамин Ану

' Неферкаре Пеписенеб (исто така Неферкар Керед Сенеб и Неферкаре VI) бил древен египетски фараон од Осмата династија во првиот преоден период (2181-2055 п.н.е.). Според египтолозите Ким Рихолт, Јирген фон Бекерат и Дарел Бејкер тој бил дванаесеттиот крал на комбинираната осма династија.[1][2][3]

Потврди[уреди | уреди извор]

Името Неферкаре Пеписенеб е потврдено на Кралскиот список од Абидос (број 51), но не на друго место. Сепак, Јирген фон Бекерат предложил Неферкаре Пеписенеб да биде идентификуван со „Неферкаре Керед Сенеб“ кој се појавува на Кралскиот список од Торино.[4] Како таков, Неферкаре Пеписенеб би бил првиот крал на Осмата династија, по Ntyiqrt (кој би можел да биде Нетјеркаре), чие име се појавува на канонот од Торино.[1][2] Двата извори се датираат долго по осмата династија, од 19-та династија или подоцна, и не постојат потврди за постоењето на овој фараон запишани во периодот кога живеел.

Име[уреди | уреди извор]

Епитетот Керед кој му е даден на Неферкаре Пеписенеб во канонот од Торино значи „дете“ или „млад“. Следствено, „Неферкаре Керед Сенеб“ е различно преведено како Детето Неферкаре е здраво, Неферкаре Помладиот е здрав или Неферкаре Јуниор е здрав.[2]

Египтолозите изнесоа неколку хипотези во врска со овој епитет. Храч Папазијан смета дека фактот оти кралот бил наречен Керед на Туринскиот канон се однесува на неговата млада возраст кога се качил на тронот.[5] :415 Алтернативно, Дарел Бејкер и Ким Рихолт сметаат дека епитетот Керед е резултат на грешка направена од страна на препишувачот кој го напишал Торинскиот канон, кој ги измешал Пеписенеб со Керед Сенеб, бидејќи хиератската форма за "Пепи" и "Керед" може да личат еден на друг ако документот е оштетен.[1] Така, оваа грешка може да се должи на некое оштетување на претходниот документ од кој бил препишан канонот за време на Деветнаесеттата династија.[2]

Друга хипотеза со која се објаснува „Керед" што Рихолт смета дека е поверојатна, е дека овој епитет е во овој контекст синоним за „Пепи“. Навистина, „Пепи“ од „Пеписенеб“ може да биде Пепи II Неферкаре, последниот голем фараон од Старото Кралство и кој најверојатно владеел најдолго од било кој монарх во историјата, 94 години на тронот (2278 - 2184 п.н.е.). Освен тоа, овој фараон, кој сигурно добро бил запаметен и после неговото владеење, му пристапил на тронот како дете, кога имал само околу 6 години. На овој начин Рихолт смета дека „детето“ (Керед) кое се споменува во името на Неферкаре Пеписенеб во кралскиот список од Торино, е Пепи II. Бидејќи дополнително, името на Пепи II било Неферкаре, Неферкаре Сенеб, Керед Сенеб и Пеписенеб, сите може да се однесуваат на Пепи II, со значење „Пепи II е здрав“. Оваа хипотеза е веројатно оправдана од божествената детерминанта (Гардинер знак Г7) прикачен на епитетот „Керед“ во Торинскиот канон. Ова е вообичаено резервирано за имињата на кралевите и боговите и може да укаже дека епитетот Керед бил сфатен како да се однесува на одреден фараон.[1]

Владеење[уреди | уреди извор]

Според најновото читање на Рихолт на Торинскиот канон, Неферкаре Пеписенеб владеел најмалку една година.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Kim Ryholt: "The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris", Zeitschrift für ägyptische, 127, 2000, p. 91
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International,
  3. Jürgen von Beckerath: Handbuch der ägyptischen Königsnamen,Münchner ägyptologische Studien, Heft 49, Mainz : P. von Zabern, 1999, , available online
  4. Jürgen von Beckerath: The Date of the End of the Old Kingdom of Egypt, JNES 21 (1962) pp. 144-145
  5. Hratch Papazian (2015). „The State of Egypt in the Eighth Dynasty“. Towards a New History for the Egyptian Old Kingdom: Perspectives on the Pyramid Age. Harvard Egyptological Studies. BRILL. https://books.google.com/books?id=vP3dCgAAQBAJ&pg=PA415. 
  • Smith, W. Stevenson. The Old Kingdom in Egypt and the Beginning of the First Intermediate Period, in The Cambridge Ancient History, vol. I, part 2, ed. Edwards, I.E.S, et al. p. 197. Cambridge University Press, New York, 1971.