Нетјеркаре Сиптах
Netjerkare Siptah | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Неитикерти Сиптах, Нитокрис, Сиптах I, Нетјеркаре | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Нетјеркаре во Кралски список од Абидос. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | околу 3 години, 2184–2181 п.н.е.[1], 6-та династија или 8-ма династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Меренре Немтиемсаф II | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Менкаре (Осма династија) | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
|
Нетјеркаре Сиптах (исто така Неитикерти Сиптах и можеби легендарната фигура Нитокрис) бил антички египетски фараон, седмиот и последен владетел на Шестата династија. Сепак, некои научници го класифицираат како прв крал на Седмата или Осмата династија.[2] Како последен крал на 6-та династија, Нетјеркаре Сиптах според некои египтолози е последниот крал од периодот на Старото кралство.
Нетјеркаре Сиптах кратко владеел на почетокот на 22 век п.н.е., во време кога моќта на фараонот се распаѓала, а на локалните номарси се зголемувала. Иако бил маж, Нетјеркаре Сиптах е најверојатно иста личност со женскиот владетел Нитокрис споменат од Херодот и Манетон.[3]
Потврди
[уреди | уреди извор]Името Нетјеркаре е испишано на 40-тиот влез од Кралскиот список од Абидос, кралски список изработен за време на владеењето на Сети I. Нетјеркаре е веднаш по Меренре Немтиемсаф II на списокот.[2] Нетјеркаре е потврден и на една бакарна алатка со непознато потекло, што сега се чува во Британскиот музеј.[4] Името Неитикерти Сиптах е испишано на Кралскиот список од Торино, во 5-та колона, 7-ми ред (4-та колона, 7-ми ред во реконструкцијата на списокот од страна на Гардинер).
Идентификација со Нитокрис
[уреди | уреди извор]Во своите „Истории“, грчкиот историчар Херодот наведува легенда според која египетската кралица Нитокрис се одмаздила за убиството на нејзиниот брат и сопруг од толпа при немири. Таа го пренасочила Нил за да ги удави сите убијци за време на банкетот каде што биле собрани.[2] Оваа приказна е исто така спомената од египетскиот свештеник Манетон, кој напишал историја на Египет наречена Египтијака во 3 век п.н.е. Манетон пишува за Нитокрис дека таа била „... похрабра од сите мажи на своето време, најубава од сите жени, со светла кожа со црвени образи“. Манетон ѝ ја припишува изградбата на Пирамидата на Менкауре.[5] Иако убиениот крал не е именуван од страна на Херодот, Нитокрис следи веднаш по Меренре Немтиемсаф II кај Манетонн. Бидејќи кралот што го следи Меренре Немтиемсаф II во кралскиот список од Абидос е „Нетјеркаре“, германскиот египтолог Лудвиг Штерн во 1883 година предложил дека Нетјеркаре и Нитокрис се иста личност.[3][6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Michael Rice: Who is who in Ancient Egypt, Routledge London & New York 1999, ISBN 0-203-44328-4, see "Nitiqret" p. 140
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 279–280
- ↑ 3,0 3,1 Ryholt, Kim Steven Bardrum. 2000.
- ↑ T. G. H. James: A Group of Inscribed Egyptian Tools, The British Museum Quarterly Vol. 24, No. 1/2 (Aug., 1961), pp. 36–43
- ↑ W. G. Waddell: Manetho, London (1940), p. 55–57
- ↑ L Stern: Die XXII. manethonische Dynastie, ZAS 21 (1883), p. 23, n. 2.