Нет Прес

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нетпрес)
Нет Прес
ВидПриватна
ДејностНовинска агенција
Основано2007
СедиштеСкопје, Македонија
Клучни личности
Лидија Станчевска, директор
Дејан Николовски, Главен и одговорен уредник
ПроизводиВести
Мреж. местоwww.netpress.com.mk

Нетпрес е приватна независна новинска агенција, формирана во јануари 2007 година. Нетпрес го користи интернет како медиум и на својата страница бесплатно објавува вести. Целта на Нетпрес е да објавува информации точно и брзо за случувањата во Македонија, за што има сопствен новинарски тим и мрежа од дописници.

Вестите од светот Нетпрес ги реемитува и за тоа има склучено договори со неколку новински агенции и телевизиски куќи. Вестите на мрежното место на Нетпрес се објавуваат на македонски јазик и кирилично писмо.