НетЕнт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

NetEnt (позната како Net Entertainment се до 2015 ) е произведувач на софтвер за онлајн игри со седиште во Стокхолм .

Историја[уреди | уреди извор]

Компанијата е основана во 1996 година, а од 2007 година котира на берзата во Стокхолм. Терес Хилман е извршен директор на NetEnt од мај 2018 година. Софтверот за игри развиен од NetEnt се користи во многу меѓународни онлајн казина . NetEnt е компанија која главно се фокусира на развивање онлајн слот игри.

Во летото 2020 година, шведската компанија Evolution Gaming AB доставиле понуда за превземање на NetEnt од 20 трилиони шведски круни. Една од причините за ова е планот на Evolution Gaming AB да започне со работа на американскиот пазар, a NetEnt веќе поседувала американски лиценци. Со помош на американските лиценци во сопственост на НетЕнт, почетокот со работа на американскиот пазар бил многу полесен за Evolution Gaming AB. Од 2020 година, NetEnt е подружница на Evolution Gaming AB.[1]

Локации[уреди | уреди извор]

Седиштето на NetEnt е во Стокхолм. По основањето во 1996 година, NeEnt брзо започнала да расте и во 2020 година имале 1100 вработени во нивните канцеларии во Малта, Стокхолм, Софија, Киев, Краков, Гетеборг, Гибралтар, Лондон и Њу Џерси.[2]

Производи[уреди | уреди извор]

Најпознати слот игри креирани од NetEnt се Starburst, Gonzo's Quest, Dead or Alive и слотот со прогресивен џекпот Mega Fortune. Во 2019 година, NetEnt го објавиле и слотот базиран на познатата серија на Netflix, Narcos.[3]

Заедно со Microgaming, NetEnt е една од водечките компании кои произведуваат софтвер за казино игри.[4]

Веб-врски[уреди | уреди извор]

Индивидуални докази[уреди | уреди извор]

  1. https://www.betrugstest.com/magazin/netent-uebernahme-durch-evolution-offiziell-genehmigt.html. Занемарен непознатиот параметар |titel= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |abruf= (help); Занемарен непознатиот параметар |datum= (се препорачува |date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  2. „Interim Report 2020“.
  3. „Narcos Slot Game by NetEnt“. Online Casino Bonus (англиски). Посетено на 2021-03-16.
  4. „Софтвер за казино игри“. Online Casino Bonus. Посетено на 2021-03-16.