Несторки (род)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Несторки
Nestor meridionalis.jpg
Новозеландска кака
(Nestor meridionalis)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Натсемејство: Новозеландски папагали
Семејство: Несторки
Род: Несторки
Lesson, 1830
Видови

кеа (N. notabilis)
новозеландска кака (N. meridionalis)
† норфолшка кака (N. productus)
† четемска кака (N. spec.)

Несторки (науч. Nestor) — род од фамилијата несторки (Nestoridae). Заедно со какапото ја образуваат малата натфамилија новозеландски папагали (Strigopoidea). Родот има два преостанати вида на папагали од Нов Зеланд и два изумрени вида од Норфолшкиот Остров (Австралија) и Четемскиот Остров (Нов Зеланд). Сите овие птици се големи по раст и набиени, со кратки квадратни опашки. Најзачајна одлика на родот е јазикот, кој на врвот има „шишки“.[1]

Класификација[уреди | уреди извор]

Сите четири вида на несторки потекнуваат од „пракака“, која живеела во новозеландските шуми пред 5 милиони години.[2][3] Најблизок сродник на оваа птица е какапото (Strigops habroptila).[2][3][4][5] Заедно ја образуваат групата на новозеландски папагали (Strigopoidea), која уште во далечното минато се одделила од остатокот од папагалите, пред да се распрсне во повеќе видови.[2][3][5]

Видови[уреди | уреди извор]

Распространетост на несторките

Денес се преостанати два вида на несторки. Другите два се изумрени. Третиот вид е добро проучен, а за четвртиот (четемска кака) постојат сосема малку сознанија.

Несторки
Народен назив
(биномен назив)
статус
Слика Опис Распространетост и живеалишта
кеа

(Nestor notabilis)
ранлива[6]

Kea (Nestor notabilis) -on ground-8.jpg
Долга 48 см. Претежно маслинеста со црвеникаво под крилата и задницата. Пердувите имаат темни рабови. Клунот е темнокафеав, шареницата, нозете и стапалата. Мажјаците имаа подолг клун.[7] Нов Зеланд: Јужен Остров

Високи шуми и субалпски честаци на надморска височина од 850–1400 м.[8]
јужноостровска кака

(Nestor meridionalis meridionalis)
загрозена[9]

Kaka -Stewart Island-1c.jpg
Слична на северноостровската кака, но малку помала и со посветли бои. Качулката е речиси бела, а клунот е подолг и поискривен кај мажјаците.[10] Нов Зеланд: Јужен Остров

Напрекинати шумски предели со јужни буки и ногоплоди на надморска височина од 450–850 м во лето и 0–550 м во зима.[8]
северноостровска кака

(Nestor meridionalis septentrionalis)
загрозена[9]

Kaka-Parrots.jpg
Долга околу 45 см. Претежно маслинесто-кафеава со темни рабови на пердувите. Црвеникаво под крилата, задницата и вратот. Образите имаат златна до кафеава боја. Кикиришката е сивкаста.[10] Нов Зеланд: Северен Остров

Напрекинати шумски предели со јужни буки и ногоплоди на надморска височина од 450–850 м во лето и 0–550 м во зима.[8]
норфолшка кака

(Nestor productus)
изумрена до ~ 1851 г.[11]

John-Gould-001.jpg
Долга околу 38 см. Претежно маслинесто-кафеави горни делови, (црвеникаво) портокалови образи и грло. Градите се со боја на сено, а бутовите, задницата и долниот дел на стомакот се темнопортокалови.[1] Некогаш ендемска Норфолшкиот и Филиповиот Остров во Австралија[12]

Карпи и дрвја[1]
четемска кака

(Nestor sp.)
Изумрена некаде помеѓу 1550–1700[13]

Непознат изглед, но коските укажуваат на намалена способност за лет. Позната само од супфосилни коски.[13] Некогаш ендемска на Четемскиот Остров на Нов Зеланд

Шуми[13]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Forshaw, Joseph M.; Cooper, William T. (1981) [1973, 1978]. Parrots of the World (corrected second издание). David & Charles, Newton Abbot, London. ISBN 0-7153-7698-5.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „forshaw“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 2,2 Wright, T.F.; Schirtzinger E. E., Matsumoto T., Eberhard J. R., Graves G. R., Sanchez J. J., Capelli S., Muller H., Scharpegge J., Chambers G. K. & Fleischer R. C.. A Multilocus Molecular Phylogeny of the Parrots (Psittaciformes): Support for a Gondwanan Origin during the Cretaceous. „Mol Biol Evol“ том  25 (10): 2141–2156. doi:10.1093/molbev/msn160. PMID 18653733. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Grant-Mackie, E.J.; J.A. Grant-Mackie, W.M. Boon & G.K. Chambers. Evolution of New Zealand Parrots. „NZ Science Teacher“ том  103. 
  4. Juniper, Tony; Mike Parr (1998). Parrots: A Guide to Parrots of the World. Yale University Press. ISBN 978-0-300-07453-6. 
  5. 5,0 5,1 de Kloet, R.S.; de Kloet, S.R. (2005). The evolution of the spindlin gene in birds: sequence analysis of an intron of the spindlin W and Z gene reveals four major divisions of the Psittaciformes. Molecular Phylogenetics and Evolution 36: 706–721.
  6. BirdLife International (2008). Nestor notabilis. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 24 декември 2008.  (англиски)
  7. „Kea - BirdLife Species Factsheet“. BirdLife International. 2008. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Juniper, Tony; Mike Parr (1998). Parrots: A Guide to Parrots of the World. Yale University Press. ISBN 978-0300074536. 
  9. 9,0 9,1 BirdLife International (2008). Nestor meridionalis. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 24 декември 2008.  (англиски)
  10. 10,0 10,1 „Kaka - BirdLife Species Factsheet“. BirdLife International. 2008. 
  11. BirdLife International (2008). Nestor productus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 24 декември 2008.  (англиски)
  12. „Norfolk Island Kaka - BirdLife Species Factsheet“. BirdLife International. 2008. 
  13. 13,0 13,1 13,2 Millener, P. R. (1999 г). The history of the Chatham Islands’ bird fauna of the last 7000 years – a chronicle of change and extinction. Proceedings of the 4th International meeting of the Society of Avian Paleontology and Evolution (Washington, D.C., June 1996).. „Smithsonian Contributions to Paleobiology“ том  89: 85–109. http://www.sil.si.edu/smithsoniancontributions/Paleobiology/sc_RecordSingle.cfm?filename=SCtP-0089. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Несторки - „Мрежа за папагали“ (германски)
  • Кеа - Енциклопедија на Светскиот фонд за папагали (англиски)


Шаблон:Папагали