Несреќа на Air Algerie

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Air Algérie Flight 5017
McDonnell Douglas MD-83 Swiftair EC-LTV (8415403452).jpg
Авионот во јануари 2013 година
Сумирани податоци за несреќа
Датум24 јули 2014 (2014-07-24)
Видпод истрага
МестоМали[1][2]
Патници110[3]
Екипаж6
Жртви116 (сите)
Повредени (нефатално)непознато
Преживеанинепознато
Тип на авионотMcDonnell Douglas MD-83
ОператорSwiftair за Air Algérie
РегистрацијаEC-LTV
Полетал одУагадугу Аеродром, Буркина Фасо
ДестинацијаХуари Бумедине Аеродром, Алжир

5017 на „Air Algerie“ — редовен меѓународен патнички лет од Уагадугу, Буркина Фасо до Алжир, кој исчезнал во Северен Мали на 24 јули 2014.[4] Неидентификуван алжирски службеник тврди дека авионот се срушил,[5] додека „Air Algerie“ изјави дека авионот се срушил во близина на Тилемси.[1] Авионот бил директен лет од „Air Algerie“ со цел да обезбеди дополнителен капацитет за време на летната сезона.[6] На 25 јули 2014 година францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека нема преживеани.[7]

Патници и екипаж[уреди | уреди извор]

Од вкупно 116 патници на авионот,[8] 50 биле французи.[9][10] Според портпаролката на СЕПЛА, сојуз на шпански пилоти,[11] шесте членови на екипажот биле шпанци,[12] според Swiftair.[8]

Луѓе во авионот по националност
Земја Број
 Алжир 6
 Белгија 1
 Буркина Фасо 27
 Камерун 1
 Канада 5
 Египет 1
 Франција 50
 Германија 4
 Либан 8
 Луксембург 2
 Мали 1
 Нигерија 1
 Романија 1
 Шпанија 6
 Швајцарија 1
 Украина 1
Вкупно 116[13]

Очигледна несреќа[уреди | уреди извор]

Авионот полетал од аеродромот Уагадугу во 01:07 по локално време (UTC) на 24 јули 2014. Планирано било да слета на аеродромот Хуари Бумедине во Алжир во 05:10.[14] Министерот за транспорт на Франција Фредерик Кувилиер изјавил дека авионот исчезнал некаде над Северен Мали.[15] Во 09:56 на 24 јули, „Air Algerie“ започнале потрага по авионот.[16] Според портпаролот на француската армија, два француски орбени авиони се приклучиле во потрагата по исчезнатиот авион долж веројатната рута.[11]

Извештаи за остатоците[уреди | уреди извор]

Француските сили пријавиле дека откриле остатоци од авионот во областа помеѓу Гао и Кидал, во пустинска област која е тешко достапна.[1] Претседателот на Мали Ибраим Бубакар Кејта изјавил дека остатоци биле пронајдени во северните пустини на земјата помеѓу Агелхок и Кидал.[2] Генералот Гилберт Диндир од армијата на Буркина Фасо изјавил деа остатоци од авионот се наоѓаат во регионот Госи на Мали, 50 километри северно од границата со Буркина Фасо.[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Smith-Spark, Laura (2014-07-24). „Air Algerie says missing plane apparently crashed in Mali“. CNN. конс. 24 July 2014. 
  2. 2,0 2,1 „Mali president says wreckage of Air Algerie flight spotted in north“. Reuters. 2014-07-24. конс. 24 July 2014. 
  3. Air Algerie Flight Reported Missing With 116 on Board“, „The Wall Street Journal“, 24 јули 2014 (посет. 24 јули 2014 г).
  4. Algeria lost contact with Air Algerie aircraft“, APS State News Agency via Reuters, 24 јули 2014 (посет. 24 јули 2014 г).
  5. „Missing Air Algerie flight has crashed – Algerian official“. Raidió Teilifís Éireann. 24 July 2014. конс. 24 July 2014. 
  6. Air Algérie leasing a Swiftair MD-83 for summer“, ch-aviation, 2 јули 2014 (посет. 24 јули 2014 г).
  7. Air Algerie AH5017: 'No survivors' from crash in Mali“, „BBC News“, 25 јули 2014 (посет. 25 јули 2014 г).
  8. 8,0 8,1 „ITAR-TASS: World – Air Algerie plane crashes in Niger — Algerian TV“. En.itar-tass.com. конс. 24 July 2014. 
  9. Missing Air Algerie Flight AH5017: 50 French Passengers Reported Aboard Crash Flight“, „International Business Times“, 24 јули 2014 (посет. 24 јули 2014 г).
  10. 'At least 50 French on missing Air Algerie flight' – The Local“. Thelocal.fr. конс. 24 July 2014. 
  11. 11,0 11,1 Missing Air Algerie plane has crashed: Algerian aviation official“, Dawn, 24 јули 2014 (посет. 24 јули 2014 г).
  12. Missing Air Algerie flight: Live updates as plane vanishes off radar with 116 on board“.
  13. „Air Algerie Plane Missing: Flight AH5017 Disappears From Radar“. Huffington Post. 2014-07-24. конс. 24 July 2014. 
  14. Kaminski-Morrow, David. „Swiftair MD-83 operating missing Air Algerie service“. London: Flightglobal. Архивирано од изворникот на 24 July 2014. конс. 24 July 2014. 
  15. Algeria confirms AH5017 crash“, „Al Jazeera“ (посет. 24 јули 2014 г).
  16. Air Algerie Flight AH5017: Algeria 'Loses Contact With Plane'
  17. Wreckage of missing Algerian airliner 'found in Mali'“, 24 јули 2014 (посет. 24 јули 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]