Неспресо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неспресо

Неспресо е производ на фирмата Nestlé Nespresso S.A., која е дел од групацијата Нестле, во Лозана, Швајцарија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1976 година Ерик Фавре вработен во Нестле го открил, патентирал и го претставил системот на бизнис пазарот во Швајцарија но меѓутоа без очекуваниот успех. Во 1988 година, благодарение на Шон Пол Галиард, производот се здобил со успех на пазарот. (Шон Пол Галиард е добро познат стопанственик, пронаоѓачот на задругата “Ле Клуб”). Во 1990 година, фирмата потпиша договор со “Турмикс” кој започна да ги продава Неспресо машините во Швајцарија. После тоа, беа потпишани и други договори со “Крупс”, ”Магимикс”, ”Алеси”, ”Филипс”, и ”Де Лонг”. Првата патент апликација била поднесена во 1996 година за процесот на Неспресо за варење на еспресо од капсули кои содржат мелено кафе. Компанијата Неспресо произведува два вида на машини и капсулите кои тие ги користат. Неспресо машините и нивните капсули можат да се купат во продажните салони на Неспресо, да се порачаат по интернет, или која било друга продавница.

Машини[уреди | уреди извор]

Неспресо нуди многу различни машини за продажба. Машините ги носат брендовите на добро познати производители на прибор за кујната како што се :”Крупс”, “Магимикс”,”Сименс”, и ”Де Лонг”, но повеќето од нив се произведени од швајцарската компанија “Егстер/Фрисмаг”, еден од најголемите производители на машини за кафе. Иако се наоѓа во Швајцарија, “Егстер/Фрисмаг”, исто така произведува во Кина за брендовите :”Крупс”, ”Трумикс”, Де Лонг” и “Магимикс”. Често на моделите на ”Крупс” и “Магимикс” пишува дека се произведени во Швајцарија (напишано на долниот дел на машината) а други машини доаѓаат од Кина. Моделите “Латисима” ги произведува “Де Лонг”. “Егстер/Фрисмаг”е помалку познат на јавноста бидејќи компанијата е исклучиво оригинален производител. Во 2000 година, Неспресо започна со испорачки на брендот “Неспресо”. Во август 2011 австралискиот бренд “Коган” изјави дека ќе развие кафе машина “Ес-прес” соодветна со машината на Неспресо.

Капсули[уреди | уреди извор]

Неспресо капсулите се продаваат исклучиво од Неспресо и се многу поевтини отколку една шоља купено мелено кафе. Цената по шоља е до трипати повисока од онаа со методот на варење. Неспресо нуди 16 различни видови на кафе, “Гранд Кру” арабика и робуста. Секоја година се наоѓаат во продажба по два вида на “Гранд Кру” во ограничени изданија со нови вкусови. Во 2009 се најдоа следните вкусови: “Crème de marrons” (крем од лешник), Кајсија и “Pain d’Epice” (ѓумбир). Во 2010 година беа вкусови од ванила, карамела и бадем. Во 2011 на 14 ноември се најдоа во продажба вкусовите од ванила, цреша и темно чоколадо. Секоја капсула содржи 5 до 6 грама мелено кафе од кое се добива една шоља кафе. Во зависност од големината каде што се става капсулата , дизајнирано е за 40 мл за еспресо отпадок или 110 мл за течност. Наполнетите капсули со неспресо се произведуваат во холандската компанија “Coffeeduck”. Тие произведуваат два вида капсули, една за машините на Неспресо произведени пред октомври 2010 година и една за машините произведени после октомври 2010 година (подоцна Неспресо го промени дизајнот на машините). Капсулите се безбедни за машината за миење садови, содржат слој пена, и исто така можат да се искористат за чај со листови што се вадат и различни видови на какао прав. Материјалот на капсулата и слојот каде има дупчиња се направени од алуминиум. Од безбедносни причини, внатрешноста кај повеќето капсули е исполирана со слој од шелак. Холандската компанија “Доуве Егбертс” (споредна на Сара Ли) стартуваше со кафе капсулата соодветна со Неспресо машините во Европа и Америка. За разлика од Неспресо капсулите, капсулите “Лор експресо” се произведени од пластичен наместо од алуминиумски материјал, и не се издупчени на врвот бидејќи додека се ставаат во машината се продупчуваат, така што капсулата нема да биде херметички затворена. Затоа некои капсули се посебно спакувани, секоја одделно и најверојатно наполнети со интертен гас. “Доуве Егбертс” неодамна додаде 2 нови вида на кафе, така што сега се шест вида. Исто како “Доуве Егбертс”, “Кафе Вергнана” добро познат италијански блендер за кафе, ги лансираше своите нови соодветни капсули “ЕСПРЕСО” направени од пластика, секоја посебно спакувана и четири вида на вкусови. Беа лансирани на Европскиот пазар, во одбрани земјки како што се, Швајцарија, Италија, Германија, Шпанија и Португалија.

Процес[уреди | уреди извор]

Неспресо, херметички запечатените капсули се направени од алуминиумска фолија. Додека самата капсула се поставува во машината, врвот на капсулата се продупчува. Некои машини прават само едно поголемо дупче а други пак повеќе мали дупчиња. Кога машината е приклучена се испумпува врела вода под голем притисок. Тоа предизвикува да ја оттргне фолијата на дното на капсулата и затоа е таа направена многу тенка за разлика од остатокот на капсула. Основата каде што лежи капсулата има повеќе испакнати мали коцки кои причинуваат фолијата да се продупчи на тие места. Меленото кафе излегува од капсулата низ дупчињата право во шоља. Се ослободува притисок внатре во капсулата каде се вари кафето, коешто предизвикува мала експлозија за да го издува кафето доколку се случи да се заглави. Истрошената капсула на крајот мора да се извади од машината, кај некои тоа се прави автоматски.

Маркетинг[уреди | уреди извор]

Друштвените медиуми како Фејсбук се користат за да се промовира производ во форма на интерактивна Фејсбук страница и познатите личности како што се Џорџ Клуни и Џон Малкович кои биле земени да го рекламираат производот. Моменталниот слоган на брендот е “What else?” (“Што друго?”). Брендот Неспресо е предмет на континуирана промоционална кампања насекаде во светот. Промоциите вклучуваат гратис капсули купени со машината.

Пазар[уреди | уреди извор]

Спакуваните парчиња од кафето еспресо како тие од Неспресо станаа едни од најбрзо растечките парчиња на пазарот на кафето, броејќки од 20 до 40 проценти од вредноста на меленото кафе продадено на Европскиот пазар на кафето кој изнесува вкупно 17 билиони американски долари. Во август 2010 година беше известено дека продажбата на Неспресо во просек во изминатите 10 години се зголемува за 30 проценти годишно, и повеќе од 20 билиони капсули се продадени од 2000 година по тековната продажна цена од околу 0.43 до 0.62 американски долари по капсула.

Критики[уреди | уреди извор]

Цена[уреди | уреди извор]

Главно, Неспресо не дозволува купувачите да купуваат капсули за кафе од други извори. Како резултат на тоа изборот за вкусови е ограничен и има намалување на цените на капсулите. Неспресо бара позиција да се најде како ексклузивен луксузен бренд. Цената по капсула во 2011 се движеше од 0.57 до 0.64 американски долари. Во март 2011 швајцарскиот супермаркет “Денер” доби судска битка со Нестле за продажбата на компатибилните капсули на Неспресо. Пластичните капсули се приближно пола од продажната цена како и генијалните капсули на Неспресо.

Бизнис модел[уреди | уреди извор]

Концептот (машина, капсула, услуга) е заштитен од 70 патент производи кои ја заштитуваат сопственоста на Неспресо сè додека рокот на патентот не истече. Ова е спротивно во однос на некои други системи за пакување на кафето. Ова води до споредба на производителите на Неспресо кои се обидоа да ја попречат продажбата на генериските патрони со масло. Како и да е, никоја од машините ниту капсулите не се сметаат генериски сè додека патентот не истече. Патентот на Неспресо истекува во 2012 година , евентуално ако конкурентните натпреварувачи понудат капсули и машини соодветни со системот на Неспресо. Нестле работи на тоа да ги спречи конкуренциите да им го направат тоа. Поранешниот менаџер на Неспресо започнал фирма соперник “Ethical Coffee” (ECC) за да направи капсули за машината на Неспресо. Другите конкуренции вклучувајќи го и стартувањето на Швајцарците (Nexpod.ch) кои нудат соодветни празни капсули на Неспресоо кои можат да се полнат со кафе (или чај) по желба на купувачите, “Caps-cup” (“капс-кап”) од Хонгконг кои снабдуваат соодветни капсули во најголем дел, и Јужно Африканската компанија која продава Неспресо капсули под брендот “Café Caps”. Во средината на јули 2010 година, Сара Ли во Франција која прави кафе под брендот “Maison de Café” , ги лансира “L’OR EspressO” кои користат пластични капсули што одговараат на двете машини за еспресо кои таа ги и Неспресо системот ги продава. Во август 2010 година според Сара Ли е наведено дека се продадени повќе од 30 милиони капсули од брендот на “L’OR EspressO” од нивното лансирање. Нестле ја тужи Сара Ли обвинувајќи ја дека таа му ги прекршува патентите. Во декември, Сара Ли изјави дека тие ќе започнат да ги продаваат нивните капсули во Америка под името “Доуве Егбертс”. Во средината на 2011 година Сара Ли започнала да ги продава капсулите во други земји, како Шпанија каде биле продавани под името “Marcilla”

Еколошко влијание[уреди | уреди извор]

Во однос на еколошките импликации на Неспресо, се појавиле сè повеќе критики. Во однос на еколошкото влијание,секоја шоља Неспресо кафе произведува алуминиумски отпад, кој е главен составен материјал на капсулата. Една капсула од алуминиум тежи 1 грам (вклучувајќи ја и опаковката) во споредба со 13 грама за пијалак. Рециклирањето на алуминиумот заштедува еденерига до 95 проценти во споредба со производството на основниот алуминиум. За почеток да кажеме дека Нестле не спроведува програми за рециклирање надвор од некои делови на Швајцарија. Тоа води до големи купишта на отпад а некои од групите го критикуваат тоа. Некои од корисниците ги испразнуваат употребените капсули и така алуминиумските капсули ги фрлаат во отпадот за рециклирање. Но сега, како и да е , многу земји имаат средства за рециклирање. Франција и Швајцарија се едни од големите купувачи на средствата за рециклињање така што тие работи се многу подостапни во овие земји. Моментално рециклирањето во Велика Британија го претставува Неспресо во Лондон, Бритол, бањите и сега и насекаде на континентот во Велика Британија. Капсулите ги доставуваат куририте доставувачи и тогаш има можност да се одбере од оние капсули кои се користат за рециклирање. Како и да е, употребените капсули можат да се однесат за рециклирање во сите продавници на Неспресо. Програмот за рециклирање исто така бил воведен и во Холандија каде што купувачите имаат можност да ги вратат употребените капсули во продавници со ограничено издание или да ги испратат преку поштенските услуги. Во Америка и Австралија, купувачите можат да ги одделуваат употребените капсули во продавниците на Неспресо, за рециклирање. Во изминативе години некои трети производи како што е уредот “Outpresso” (Аутпресо) објаснуваат дека тоа го олеснува отстранувањето на талогот од кафето на истрошените капсули, при што се дозволува алуминиумот да се рециклира со стандардни програми на општината за рециклирање. Еколошкиот отисок на Неспресо кафето е многу поважен отколку некои други постапки за подготовка (екстракт, киснење, филтрирање, цедење) поради пакувањето на капсулите. Мал дел од капсулите се рециклираат: Нестле ја изјавува моменталната стапка на 50 проценти во Швајцарија и Германија и само 2 проценти во Франција. Не е многу познато колкав дел од капсулите се рециклира, но се очекува да е помалку од 30 проценти. Компанијата ланисрала програм таканаречен “ecolaboration” ( е соработка) за да се обиде да го поправи проблемот. Како додатен дел за програмот за рециклирање за кој се дискутира погоре , Неспресо изјавува дека ќе вклучи ААА програм за одржување (програм за квалитет) насочен да им помогне на земјоделците кои одгледуваат и снабдуваат со Неспресо кафе. Неспресо изјавува дека тоа би било добро за да ги научи фармерите како да водат добар бизнис и за развој. Компанијата изјавува дека фармерите кои учествуваат не се обврзани да го продаваат кафето Неспресо иако многу прифатиле да го прават тоа, и како што Неспресо изјавува дека ќе понуди фер цена за кафето и ќе понуди помош во секој аспект за бизнисот на фармерите. За разлика од нормалните капсули, капсулите Неспресо Про неможат да се рециклираат бидејќи се направени од мешавина од пластика и алуминиум. Како што слоевите се прилепени еден за друг, Про капсулите можат само да се изгорат. Ова доведе до тоа Светскиот фонд за Екологија и другите агенции за заштита на екологијата да наведат дека “најразумно решение сè уште е купувањето на големи количини кафе”

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Our Company, Nestlé Nespresso SA