Нескршливата Кими Шмит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нескршливата Кими Шмит
Жанрситуациска комедија
Создадена од
Улоги
Воведна тема"Unbreakable" од The Gregory Brothers и Mike Britt
Композитор(и)Џеф Ричмонд
Земја на потеклоСоединети Американски Држави
Првичен јазикEnglish
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди26 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)
Продуцент(и)
УреднициКен Елуто
КамераSingle-camera
Времетраење22–28 минути
Продукциска куќа
ДистрибутерНетфликс
Прикажување
Првична мрежаНетфликс
Сликов формат1080p (16:9 HDTV), season 1
4K (16:9 Ultra HD), season 2
Звучен форматDolby Digital 5.1 with Descriptive Video Service track
Првично прикажувањемарт 6 2015 (2015-03-06) – present
Надворешни врски
Мрежна страницаnetflix.com/unbreakablekimmyschmidt

Нескршливата Кими Шмит е американска телевизиска серија создадена од Tина Феј и Роберт Карлок. Во главната улога на оваа ситуациска комедија глуми Ели Кемпер, а серијата започна да се емитува на Нетфликс на 6 март 2015 година. 

Серијата го следи животот на 29-годишната Кими Шмит (Кемпер), која се труди да се прилагоди на живеењето во Њујорк откако, заедно со три други жени, ќе поминат 15 години во подземна скривница каде што наводно биле спасени од крајот на светот од свештеникот Ричард Вејн Гери Вејн (Џон Хем). По излегувањето од подземјето, Кими е решена да се пресели во Њујорк и тука да започне нов живот во кој луѓето нема да ја сожалуваат, а таа ќе биде секогаш во апсолутно позитивно расположение. Таа веднаш се спријателува со сопственичката на станот кој го изнајмува и со нејзиниот состанар кој се труди да стане глумец. Набрзо добива и работа како дадилка.

Уште од премиерата, серијата се здоби со критички успех. Досега е номинирана за вкупно 11 номинации за Наградата Еми за ударни термини, вклучувајќи две номинации за најдобра хумористична телевизиска серија.