Прејди на содржината

Непчен крајник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зад непчените лаци се гледаат зголемени непчени крајници

Непчен крајник (латински: tonsilla palatina) — парен лимфоидно-епителен орган кој се наоѓа на страничниот ѕид на фарингеалното (голтничкото) стеснување во т.н. крајничка јама. Составен е од голем број лимфни јазолчиња кои се прекриени со епител. Најизразен е во периодот од четвртата до шеснаесеттата година од животот, а после тоа постепено атрофира. Има облик на бадем и многу променливи димензии, бидејќи крајниците често се зголемуваат при воспалителни процеси од различна етиологија.[1] [2]

Надворешната страна на крајниците е покриена со фарингеалниот субмукозен слој и се потпира на страничниот ѕид на орофаринксот, односно на букал-фарингеалниот дел на мускулот на горниот констриктор на голтнкот. Внатрешната страна е свртена кон луменот на фаринксот и може да се види кога устата е широко отворена. Таа е нерамна, т.е. покриена со крајнички јамички.

Артериите на непчените крајници потекнуваат од асцендентните непчени, јазичните, асцендентните фарингеални и мали непчени артерии. Вените се влеваат во фарингеалните вени, птеригоидниот сплет и надворешната непчена вена. Гранките на јазично-фарингеалниот нерв, јазичниот нерв и малите непчлени нерви учествуваат во ревитализацијата на крајниците.

Оперативната постапка со која целосно се отстрануваат непчените крајници се нарекува тонзилектомија, додека нивното делумно отстранување се нарекува тонзилотомија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Славољуб В. Јовановић, Надежда А. Јеличић (2000). Анатомија човека – глава и врат. Београд: Савремена администрација. ISBN 978-86-387-0604-4.
  2. Славољуб В. Јовановић, Нева Л. Лотрић (1987). Дескриптивна и топографска анатомија човека. Београд, Загреб: Научна књига.