Неправилна променлива ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Неправилна променлива ѕвезда — вид на променлива ѕвезда чии колебања во сјајността немаат периодичност. Се делат на избувни и пулсирачки.

Избувните неправилни променливи се делат на три категории:

  • Променливите од групата I се поделени на подгрупите IA (спектрални типови од O до A) и IB (спектрални типови од F од M).
  • Орионска променливи, GCVS од типот IN (неправилни и магловити), домородни во ѕвездородни подрачја, може да се колебаат во својата сјајност до 1 величина во рок од 1 до 10 дена; овие пак се делат на спактрални типови INA и INB, но и со третата подгрупа INT за ѕвезди од типот на T Бик или INT(YY) за оние од типот на YY Орион.
  • Третата категорија се состои од IS-ѕвездите, кои покажуваат брзи промени во величината од 0,5 до 1 за неколку часа или дена; тие се делат на подгрупите ISA и ISB.

Пулсирачките неправилни џинови или суперџинови, наречени бавни неправилни променливи, се сите од понапреднатите спектрални типови (K, M, C или S), и се класификуваат како тип L-LB за џинови и LC за суперџинови. Засега е нејасно колку од нив се всушност полуправилни променливи.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gerry Arlen Good (2003). Observing Variable Stars. Springer Science. ISBN 978-1-85233-498-7.