Неподредена листа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Неподреден список е список чии што елементи, кога се набројуваат не се нумерирани со арапски бројки, римски букви или букви.

Кодот за таков список е следниот:

Прв елемент од списокот

Втор елемент од списокот

Трет елемент од списокот

Со овој код му се кажува на веб пребарувачот автоматски да го напише списокот со празно место од лево. Не е морално да се пишува ознаката за да се премине во следен ред
, така што тоа се прави автоматски. Автоматски се додава и по еден празен ред пред списокот и по списокот.

Пред секој ред во списокот се појавува по една полна точка. Ако сакате да користите други симболи треба да ги воведете како вредности на наставката type на ознаката ul.

Има три можности:

- disc (црна точка како таа што се прикажува) - circle (празен круг) - square (црн квадрат).

Пример за неподреден список со празни крукчуња:

Прв елемент од списокот

Втор елемент од списокот

Трет елемент од списокот

Пример за неподреден список со црни квадратчиња:

Прв елемент од списокот

Втор елемент од списокот

Трет елемент од списокот

Комбинирање на неподредени списоци

Неподредените списоци може да се комбинираат еден со друг. Кодот за такво комбинирање може да биде следниот:

<nowiki>

Прв елемент од списокот

Втор елемент од списокот
</npwiki>

Прв поделемент на вториот елемент од списокот

Втор поделемент на вториот елемент од списокот

Трет елемент од списокот

Елементите од подсписокот автоматски се поместуваат со двојно растојание од левата страна и се со празен круг пред редовите.