Прејди на содржината

Ненасловена

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ненасловена“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1988 година од издавачката куќа „Мисла“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Збирката ги содржи следниве песни: „Врвои“, „Дрво што крвари“, „Во мислите дом“, „Запис на ковачот“, „Камено око“, „Орлица, орница, ортома“, „Есенска за нас двајцата“, „Лековита“, „Пустина“, „Точна дијагноза“, „Епитаф“, „Запис“, „Одново во Солун“, „Второто создавање и, конечно“, „Барам едно место“, „Свештен страв“, „Аналогии“, „Недостижност“, „Пресушено море“, „Кога би се случило тоа“, „Палимпсести“, „Одговор“, „Вечерно“, „Залудност“, „На разделба, пред да се вратиш сво својата татковина“, „Јидиш — молитва“, „Антигона“, „Вероломно писмо“, „Автономност“, „Епитаф на монах Теодор от Гари“, „Ќе чекам“, „Алелуја“, „Сенката на синоокиот младич“, „Каменот на Жан Русло“, „Копнеж“, „Кон моите врсници“, „Запис“, „Откривање на огниште в планина“, „Црно оро“, „Црниот ангел“, „Довикувања“, „Споменик“, „По потопот“, „Еден осамен човек“, „Река“, „Се сеќавам јас на таа птица“, „Сеќавање“, „Камена приказна“, „Два камени столба“, „Шетајќи по брегот на Егејското Море“, „Волкот“, „Патувајќи со Фенг по Македонија“, „Монахот од Кучевиште што создава ружи“, „Споменот на пустината“, „Кустос“, „Заробеник“, „Песна за девојката“, „Вечности“, „Разговор меѓу Павлов и Шагал“, „Таа“, „Повелба на Александар Македонски“, „Темистокле“, „Археологија“, „Сабота“, „Попладне“, „На плажа“, „Што е добра таа птица...“, „Две кошули“, „Скаменување“, „Прво ходочастие“, „Светлина“, „Вест“, „Анкета“, „Компаративна алгебра“, „Тоа е таа птица“, „Невиност“, „Пустиножител Јон“, „Каменот што го одминувате“, „Приземна астрологија“, „Прослава. Свечености“, „Лов“, „Псалм 2“ и „Псалм 3“.[1]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Според, Слободан Мицковиќ, песните во „Ненасловена“ се врзуваат за секојдневни нешта, не се стремат кон атракција во изразот и немаат потреба од украси, туку поетскиот израз се стреми кон наједноставната форма. Во песните е присутно долготрајното одбирање на мотивот, минуциозното градење на поетското стојалиште кон тематскиот опфат на песната така што избликот на магистралната идеја доаѓа природно и ненаметнато. Тоа не е наравоучение, ниту сублимирање на целата песна во порака, туку кажување што го промислил самиот материјал на песната, а како посредник се јавува поетот. Корените на тој пристап, Мицковиќ ги посочува во циклусот „Косачи“ од збирката „Вардар“ (1958), односно смета дека со оваа книга поетот се вратил на патот кој го заодил триесет години претходно.[2]

  1. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 5-93.
  2. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 542-543.