Ненадеен удар (филм од 1983)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Валканиот Хари (англиски: Dirty Harry) е американски филм од 1983 година, во режија на Клинт Иствуд, кој ја игра и главната улога. Другите улоги ги толкуваат: Сондра Лок, Пет Хингл, Пол Дрејк, Бредфорд Дилман, Бет Форд итн. Ова е четвртиот филм од циклусот посветен на Валканиот Хари и единствениот кој бил режиран од Иствуд. Исто така, во овој филм, за последен пат, Иствуд глумел со неговата тогашна сопруга Сондра Лок.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Полицаецот Калахан се пресметува со криминалците на свој начин. Еднаш, тој притиснува еден мафијашки шеф, кој претрпува срцев удар. Поради тоа, шефот на полицијата бара од Калахан да земе одмор додека не се смират реакциите во јавноста. Истовремено, мафијашите го бркаат Калахан, но тој успева да ги среди во својот препознатлив стил и затоа е испратен во едно мало место за да реши некој неважен случај. Девојката Џенифер Спенсер (ја игра Лок) и нејзината сестра се поканети на забава на која се силувани од група момчиња. Бидејќи еден од сторителите е синот на шефот на полицијата, тие успеваат да се извлечат без казна. Затоа, десет години подоцна, Џенифер одлучува да ја земе правдата во своите раце и почнува да ги убива еден по еден. Инспекторот Калахан е назначен да го реши случајот со повеќекратните убиства при што тој се запознава со Џенифер, за која дури подоцна открива дека ги извршила убиствата. На крајот од филмот, Џенифер оди во куќата на синот на шефот на полицијата, со намера да го убие, но тој се наоѓа во инвалидска количка. Тогаш, во куќата влегува Мик (го игра Пол Дрејк), еден од силувачите, со двајца други криминалци, и го убива шефот на полицијата, а со себе ја зема Џенифер која ја носи во луна-паркот. Таму, Мик сака повторно да ја силува, Џенифер успева привремено да му избега, но тој пак ја фаќа. Сепак, во тој миг се појавува инспекторот Хари Калахан, кој ладнокрвно ги убива тројцата криминалци. Кога пристигнува полицијата, Хари ја прикрива вистината и не им кажува дека Џенифер ги извршила убиствата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]