Ненаведени овластувања

Од Википедија — слободната енциклопедија

Имплицирани овластувања — во случајот на владата на САД, се овластувањата кои ги спроведува Конгресот, а кои не се експлицитно наведени во Уставот, но сепак се неопходни и соодветни кога станува збор за извршување на власта од страна на Конгресот. Кога Џорџ Вашингтон го известил Александар Хамилтон да ја одбрани уставноста на Првата банка на САД против аргументите[1] на Томас Џеферсон, Џејмс Медисон и јавниот обвинител на САД Едмунд Рендолф, Хамилтон дал изјава која што станала класична за ненаведените овластувања.[2] Хамилтон тврдел дека независните должности на владата го подразбирале правото на користење на соодветни средства со цел постигнување на одредени цели. Иако владата на САД била независна само за некои посебни прашања, било невозможно да се дефинираат овластувањата кои може да ги користи, поради тоа што било невозможно за уставотворците да ги предвидат сите идни проблеми. Хамилтон забележал дека „општата социјална клаузула“ и „неопходната и соодветна клаузула“ давале еластичност на уставот. Хамилтон успешно го истакнал своето тврдење пред Вашингтон, кој подоцна го потпишал неговиот предлог закон за Банката преточувајќи го во закон.

Подоцна, позајмувајќи го аргументот на Хамилтон, претседателот на Врховниот суд Џон Маршал се повикал на ненаведените овластувања на владата во пресудата во случајот Мекулох против Мериленд. Аргументот се користел со цел да се оправда негирањето на правото на сојузната држава да оданочува банкноти на Втората банка на САД, при прашањето за уставноста на Конгресот кој ја донел оваа одлука во 1816.

Забелешки и наводи[уреди | уреди извор]

Ненаведени овластувања логично можат да се сметаат за овластувања, иако не се експлицитно наведени. Легитимноста на овие овластувања се црпи од клаузулата за „општа социјална помош“ во преамбулата, „неопходната и соодветна клаузула“ и „клаузулата за трговија“ кои му дозволувале на конгресот да врши дејствија кои не се директно спомнати во уставот со цел добробит на нацијата.

  1. Кои се однесувале на моќта на САД, против уставноста на Банката на САД, Томас Џеферсон.
  2. За уставноста на Банката на САД, Александар Хамилтон.