Немири

Немири[1][2] или нереди[3][4] — масовно изразување на незадоволство преку насилство насочено против лица или имот (вандализам). Одлики на немирите се нивната спонтаност, неорганизираност и менталитет на стадо на нивните учесници.
Причините за немирите можат да бидат различни: од недостаток на храна и основни потреби, незадоволство од условите за живот, високи даноци, судири со сооперничките етнички или верски групи, до исходот или текот на некој спортски настан. Во зависност од мотивите или околностите, мети на насилство за време на немирите можат да бидат или симболични (полицајците како олицетворение на власта, споменици или државни институции) или стварни (сопернички навивачи, членови на соперничка етничка и верска група или нивен имот).
Немирите можат да претставуваат сериозни проблеми за државите или службите одговорни за јавната безбедност (полицијата), што било особено очигледно во 20 век кога напорите за спречување, сузбивање или ограничување на немирите што е можно поодлучно мора да се усогласат со напорите да се избегне понатамошна ескалација на насилството или негативни последици поради прекумерната употреба на насилство. За таа цел, полицијата развила тактика чија главна одлика е разбивање на бунтовниците во помали групи, односно користење технологии како солзавец, водени топови, гумени куршуми итн. Немирите, исто така, претставуваат ризик за организаторите на мирни протести, имајќи предвид дека избувнувањето на насилство може да ги компромитира политички и морално во очите на јавноста.
Немирите најчесто се делат на следниве видови:
- немири заради недостиг на храна;
- верски, етнички или расни немири;
- студентски немири
- затворски немири, познати и како затворски бунтови
- спортски немири
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Немири на Ризницата ?
- Revolution '67 Documentary about the Newark, New Jersey race riots of 1967, engl.Архивирано на 3. rujna 2009..
- Anthropologie du présent