Немилата случка кај Окс-Бау (филм од 1942)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Немилата случка кај Окс-Бау (англиски: The Ox-Bow Incident) - американски филм од 1942 година, во режија на Влијам А. Велман, според истоимениот роман на Волтер Ван Тилбург Кларк. Главните улоги ги граат: Хенри Фонда, Дејна Ендрјус, Ентони Квин, Вилијам Ајт, Хери Морган, Хери Девенпорт, Френк Конрој итн. Во 1944 година, филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобар филм, а поради неговата историска и културна важност, во 1998 година бил сочуван во Националниот регистер на филмови на САД.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Двајца туѓинци навраќаат во мало место на Дивиот Запад. Тогаш пристигнува веста дека еден сточар е убиен и дека крадците ги украле неговите говеда. Жителите на местото веднаш организираат потера по виновниците, а само неколкумина повикуваат на разум и на законитост. Набргу, гонителите, предводени од мајорот Тетли (го игра Конрој) наоѓаат тројца мажи и ги обвинуваат за кражбата и за убиството. Обвинетите тврдат дека се невини, т.е. дека не знаат ништо за убиството и дека говедата ги купиле од убиениот човек. Меѓутоа, разјарената толпа нема милост кон нив и веднаш ги беси на едно дрво. Само неколкумина се спротивставуваат на обидот за бесење, меѓу кои и туѓинецот Гил Картер (го игра Фонда), но толпата лесно ги совладува. Тогаш, на местото пристигнува шерифот, кој соопштува дека човекот за кого се мислело дека е убиен, всушност е само ранет, но дека се пронајдени вистинските виновници. Тогаш, учесниците на потерата сфаќаат дека обесиле тројца невини луѓе, а мајорот Тетли извршува самоубиство во својот дом. Гил и неговиот другар го напуштаат местото и заминуваат да се погрижат за семејството на еден од обесените мажи.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]