Немечка кралица и Марко

Од Википедија — слободната енциклопедија

Немечка кралица и Марко — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Германската кралица напишала писмо наменето за Крале Марко, кое му го испратила по еден гавран. Бидејќи тој не го познавал Марко, таа му кажала дека ќе го најде во Охридската нахија, каде што пие по меаните. Навистина, гавранот го препознал Марко и му ги спуштил писмото во скутот. Марко го прочитал писмото во кое кралицата му пишала дека веќе триесет години во нејзината земја дошле некои Арапи, кои не дозволувале да се одржи свадба. Тогаш, Крале Марко ја собрал дружината, а со себе го зеле и детето Секула, кого го преправиле во невеста. Кога пристигнале во Германија, Арапите им ја грабнале невестата, но потоа, дружината на Марко ги нападнала Арапите и сите до еден ги заклале. Во знак на благодарност, кралицата им дала огромно богатство и ги задржала три месеци да јадат и пијат.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 44-45.