Нели Аркан
Нели Аркан (5 март 1973 – 24 септември 2009) била канадска писателка. Аркан била родена како Изабел Фортие во Лак-Мегантик во источните општини на Квебек.
Биографија
[уреди | уреди извор]Првиот роман на Аркан, Курва (2001), веднаш добил критичко и медиумско внимание. Била финалист за Медичинова награда и за Феминовата награда,[1] две од најпрестижните книжевни награди во Франција.
По Путан следеле уште три романи што ја етаблирале како литературна ѕвезда во Квебек и Франција. Нејзиниот втор роман Луд (2004), како и првиот, е полуавтобиографско и провокативно дело, и бил номиниран и за наградата „При Фемина“. Нејзиниот трет роман, Отворено кон небото, бил објавен во 2007 година. Детето во огледалото (2007) е илустрирана книга на за убавина. Аркан го завршила својот четврти роман Рај со клуч на рака (2009) а набрзо потоа се самоубила. Таа, исто така, напишала неколку кратки раскази, статии и колумни за разни весници и литературни списанија во Квебек.
Смрт
[уреди | уреди извор]Аркан била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Монтреал на 24 септември 2009 година.[1] Таа се обесила набрзо откако завршила со пишувањето на нејзината последна книга, Рај со клуч на рака, чиј наратор останува инвалид по обид за самоубиство.[2] Таа и претходно се обидела да се самоубие. На 3 септември 2009 година, три недели пред нејзината смрт, Аркан објавила сторија во својата неделна колумна во квебечкиот неделник на француски јазик Иси со наслов Земи ме, или си мртов, со детали за искуството со демнач. [3]
Погребана е во Источните општини во Квебек. Општинската библиотека на Лак-Мегантик, составена од над сто илјади книги донирани откако пожарот ја уништил оригиналната библиотека за време на несреќата на возот Лак-Мегантик во 2013 година, се вика „Општинска Медиатека Нели-Аркан“ во нејзина чест.[4][5]
Филмот Нели од 2016 година на режисерката Ан Емонд бил базиран на животот на Аркан.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Курва (2001).
- Луд (2004).
- Дететто во огледалото (2007).
- Отворено кон небото (2007).
- Рај со клуш на рака (2009).
- Бурка од кожа (2011).
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Quebec writer Nelly Arcan dies at 35“. CBC News. September 25, 2009. Посетено на 2009-09-25.
- ↑ „Nelly Arcan est morte“ (француски). Canoe.com. September 25, 2009.[мртва врска] [мртва врска]
- ↑ „Prends-moi, ou t'es mort“ (француски). Canoe.ca. September 3, 2009. Архивирано од изворникот на July 21, 2012.
- ↑ „La Médiathèque municipale Nelly-Arcan prête pour l'automne“ (француски). Écho de Frontenac, hebdo de la région de Lac-Mégantic. Посетено на 2013-09-24.
- ↑ Ronald Martel (2013-08-12). „Place à la Médiathèque Nelly-Arcan“ (француски). La Tribune (Sherbrooke). Архивирано од изворникот на December 23, 2015. Посетено на 2013-09-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Handfield, Catherine (September 26, 2009). „Le suicide a toujours été son obsession“ (француски). Посетено на 2009-09-27.
- „Acclaimed Quebec writer found dead in Montreal“. The Canadian Press. September 25, 2009. Архивирано од изворникот на September 27, 2009.