Некој те гледа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Некој те гледа
Жанр теленовела
Создадена од Парла Фаријас и Пабло Јанес
Настапуваат Давид Чокаро
Дана Гарсија
Кристијан Мејер
Рафаел Амаја
Земја на потекло САД
Јазик шпански
Број на епизоди 43 минути
Продукција
Времетраење -
Емитување
Канал на емитување Телемундо
Емитување 8 септември 201025 февруари 2011

Некој те гледа (шпански: Alguien te Mira) е Американска теленовела од 2010 година од Телемундо.

Синопсис[уреди]

Чикаго, 1995. Родриго Кинтана, Пиедад Естевез, Хулијан Гарсија и Бенхамин Моранде се неразделливи пријатели. Полни со идеализам и испланирани проекти за иднината, студираат медицина и сонуваат да работат заедно и да им помагаат на оние на кои помошта им е најпотребна. Родриго е најхаризматичен, најинтелегентниот и лидерот на групата. Неговите карактеристики ја освоиле Пиедад со која живее бурна љубов, додека Хулијан ја сака во тишина. Зависноста на Родриго од дрогата и алкохолот, штети во односот со Пиедад. После еден инцидент, во кој убива еден човек а неа ја рани, Родриго Кинтанта, се оддалечува од своите пријатели и студии, и заминува во рехабилитациона клиника која се наоѓа надвор од земјата. После тој инцидент, Пиедад не веќе истата.

Чикаго, 2010. Сегашност, 15 години откако Бенхамин, Хулијан и Пиедад заборавиле на тогашните проблеми, Родриго се враќа во нивните животи. За здружување као партнери на очната клиника “Гарсија и пријателите”, враќањето на Родриго, после неговото повеќегодишно престојување во Европа, е вознемирувачко. Пријателите се промениле. Додека Кинтана го избрал строгиот начин на живот во руралната клиника, неговите пријатели основале мало богатство од очните операции на припадниците на високата класа. Неговото враќање исто така предизвикува немири кај Пиедад, која открива дека и покрај сѐ, уште чувствува љубов покрај него. Хулијан, веќе година дена разделен од Матилде, почнува да чувствува екстремна грижа за Пиедад. Го мачи фактот дека минатото се повторува и дека Родриго повторно ќе успее да го оддалечи од жената која отсекогаш ја сакал, и никогаш не престанал да ја освојува. Но, љубовта нема да биде единствена работа која ќе ги промени животите на оваа група пријатели. За време на оддржувањето на еден собир, тие ќе бидат сведоци на еден опасен настан. Овој пат, жртвата е познатата бизнисменка, Марија Гарсија Карпентер, а со фактот дека тоа е трета смрт, жителите во градот сѐ повеќе се вознемирени. Пред неа, мистериозното исчезување на Анхела Аргенто, исто така значајна градска личност, ќе биде проследен од страна на полицијата и медиуимте. Истрагата за неа ги довела до заклучок за постоење на психопати и сериозен убиец чии жртви секогаш се убави, независни и богати жени, и сите убиени на истиот начин: со ножот кој прави длабок убод, директно во срцето. Комесарката Ева Занети, ќе биде задолжена за собирање на трагови кои ќе го откријат идентитетот на психопатот. Сите осомничени, но кругот полека почнува да се намалува, и сите виновници ќе бидат фатени во сопствената замка. Само еден е убиец, и како деновите поминуваат се доближува и времето за откривање на неговиот вистински идентитет.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Давид Чокаро Бенхамин Моранде
Дана Гарсија Пиедад Естевез
Кристијан Мејер Родриго Кинтана
Рафаел Амаја Хулијан Гарсија
Каролина Техера Валерија Стујарт
Анхелика Селаја Ева Санети
Карла Монрој Матилде Лараин
Химена Дуќе Камила Вуд
Синтија Олаварија Лусија Салдана
Андрес Мистих Амадор Санчез
Родриго де ла Роса Педро Пабло Пењафиел