Недељко Бајиќ Баја
Недељко Бајиќ-Баја (Шипово, 9 јуни 1968 година) е српски поп-фолк пејач.
Биографија
[уреди | уреди извор]Тој е роден во близина на Бања Лука, во малиот град Шипово. Растел во многубројно работничко семејство со мајка, татко, двајца браќа и две сестри. Со музика се занимавал од шестата година. Завршил училиште за туризам, насока угостителство. Година 1988 година бил во војска, и служел во морнарица, во Пула и Сплит. По ова останал кратко во Зрењанин, а потоа живеел во Нови Сад. На почетокот на 2000 година се преселил во Белград, но и паралелно живеел на друга адреса во Виена (Австрија).
Во 1992 година го снимил првиот албум, со Драган Стојковиќ Босанац. Три години подоцна, во соработка со Новица Урошевиќ го снимил хит албумот „Усијање“, така што веќе во 1996 година Баја ја добил првата награда од публиката на музичкиот фестивал „Моравски бисери“ (со песната Солзи на твојата свадба).[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Недељко Бајић Баја — Биографија“. Архивирано од изворникот на 2017-06-14. Посетено на 2018-09-09.