Недела дена во животот и смртта на Гроздан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Недела дена во животот и смртта на Гроздан - роман на македонскиот писател Ѕвездан Георгиевски од 2016 година, објавен од издавачката куќа „Темплум“. Романот е добитник на наградата за најдобра дебитантска книга „Новите!

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од автопоетички предговор, осум раскази, две лирски интермеца и епилог. Главниот лик, Гроздан, е новинар кој живее од своите тезги во странство. Во својата земја, тој ужива почит од помладите колеги, но новинарската слава му е потемнета. Гроздан не може да се снајде во новото време, па не поднесува барања за работа...[1]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Авторот вложил голем труд во конципирањето на своето прво дело, обезбедувајќи си самодисциплина при што на мал формат успеал да пласира повеќеслоен, но јасно обликуван концепт и необичност на жанровската форма. Мајсторството на раскажувачкиот стил на Георгиевски се состои во тоа што успева да изгради мал калеидоскоп од различни животни состојби: семејниот живот во тесни рамки, професионалните рутини, ритуалот на кафеаната, автоматизирањето на навиките, опсесиите, стравот, тагата по умрените пријатели итн. Притоа, авторот бега од психологизмот на тие ситуации и се определува за фантазмагорични наратеми.[2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Роберт Алаѓозовски, „Меѓу фатумот и рутината“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 100-102.
  2. Роберт Алаѓозовски, „Меѓу фатумот и рутината“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 100-102.