Поплави во Македонија (2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Невреме во северозападна Македонија
Дата 6 август 2016
Место

Македонија

Мртви 22
Проценета штета непознато

Поплави во Македонија — временска непогода која на 6 август 2016 година го зафатило најпрвин Полошкиот, а подоцна со поголем интензитет целиот Скопски регион. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен,[1] а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.[2]

Од Министерството за внатрешни работи информирале дека досега се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново[3] од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати.[4]

На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб информираат дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август.[2] Граѓаните, преку друштвените мрежи се организирале за да отворат пунктови за помош на настраданите.[5] 8 август 2016 бил прогласен за ден на жалост на целата територија на Македонија.[6]

6 дена по поплавата, на 12 август, во Општина Аеродром почнала дезинфекција на исчистените домови, кои биле зафатени од поплавата.[7]

Жртви[уреди | уреди извор]

Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски регион до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице.[8] Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето било двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили.[8]

Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко.[9] Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.[10]

Меѓународни реакции[уреди | уреди извор]

  • Австрија Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц додели помош од 500.000 евра на македонскиот Црвен Крст.[11]
  • Бугарија На 8 август екипи од бугарски пожарникари и спасувачи пристигнуваат во Скопје за да им помогнат на настраданите.[12]
  • Германија Амбасадата на Германија во Македонија изразила сочувство за жртвите од поплавите во скопско и тетовско.[13]
  • Грција Министерството за надворешни работи на Грција изразило сочувство до Македонија за починатите во поплавите во Скопје.[14]
  • Европска Унија Еврокомесарот Јоханес Хан изразил сочувство до семејствата на жртвите од невремето во Македонија, објавувајќи порака преку друштвената мрежа Твитер.[15]
  • Косово Косовскиот премиер Иса Мустафа изразил сочувство до семејствата на настраданите во Скопје и искажал подготвеност на неговата земја да ѝ помогне на Македонија.[16]
  • САД Обединето Кралство Амбасадорите на САД и Велика Британија во Македонија преку Твитер искажале сочувство за семејствата на загинатите и за сите погодени од невремето.
  • Србија Српскиот премиер Александар Вучиќ до премиерот Емил Димитриев испратил телеграма со сочувство.[17] Српското МВР испратило околу 20 полицијаци од пожарникарско-спасувачките единици, теренски возила и камиони со опрема и пумпи, помош во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите.[18]
  • Украина Амбасада на Украина во Македонија изразува длабоко сочувство на семеjствата на загинатите и настраданите за време на невреме.[19]
  • Холандија Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс изразила сочуство до граѓаните на Македонија.[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Во Скопје наврнаа 93 литри на метар квадратен за 24 часа“ (на македонски). ПлусИнфо. Скопје. 7 август 2016. http://plusinfo.mk/vest/81210/vo-skopje-navrnaa-93-litri-na-metar-kvadraten-za-24-casa. конс. 8 август 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 „Над 800 громови и молњи удрија во Скопје“ (на македонски). Нова ТВ. Скопје. 6 август 2016. http://novatv.mk/nad-800-gromovi-i-molni-udrija-vo-skopje/. конс. 8 август 2016 г. 
  3. Дувњак, Гордана. „Незапаметено невреме oднесе најмалку 22 животи“, „Утрински весник“, МПМ Македонија, 7 август 2016 (конс. 8 август 2016 г). (на македонски)
  4. „(ВИДЕО) Сингелиќ и Стајковци: Поплавени домови, оштетени возила“ (на македонски). Нова ТВ. Скопје. 7 август 2016. http://novatv.mk/video-singelik-i-stajkovtsi-poplaveni-domovi-oshteteni-vozila/. конс. 8 август 2016 г. 
  5. „20 загинати во невремето, се отвораат пунктови за помош на настраданите“ (на македонски). Сакам Да Кажам. Скопје. 7 август 2016. http://sdk.mk/index.php/makedonija/20-zaginati-vo-nevremeto-se-otvoraat-punktovi-za-pomosh-na-nastradanite/. конс. 8 август 2016 г. 
  6. „(ВИДЕО) Утре ден на жалост“ (на македонски). А1он. Скопје. 7 август 2016. http://a1on.mk/wordpress/archives/636021. конс. 8 август 2016 г. 
  7. Почна процес на дезинфекција на исчистените домови во Општина Аеродром
  8. 8,0 8,1 С., А.. „Жени и изнемоштени граѓани се најмногубројни меѓу жртвите“, „Нова Македонија“, 9 август 2016 (конс. 9 август 2016 г). (на македонски)
  9. С., А.. „Уште едно дете загинало во поплавите, се трага и по едно бебе“, „Нова Македонија“, 9 август 2016 (конс. 9 август 2016 г). (на македонски)
  10. „Тројца починати од срцев удар поради загуба на најмили или имот“ (на македонски). ТВ 21. Скопје. 9 август 2016. http://tv21.tv/mk/?p=97915. конс. 10 август 2016 г. 
  11. „Австрија ќе даде 500.000 евра помош на македонскиот Црвен крст“ (на македонски). Фокус. Скопје. 10 август 2016. http://fokus.mk/avstrija-ke-dade-500-000-evra-pomosh-na-makedonskiot-tsrven-krst/. конс. 10 август 2016 г. 
  12. Българските огнеборци вече издирват хора в Македония. Весник 24 часа.
  13. „Сочувство за жртвите и повредените од Амбасадата на Германија“ (на македонски). Нова ТВ. Скопје. 7 август 2016. http://novatv.mk/sochuvstvo-za-zhrtvite-i-povredenite-od-ambasadata-na-germanija/. конс. 8 август 2016 г. 
  14. „Грција изрази сочуство за жртвите од поплавите“ (на македонски). Meta.mk. Скопје. 8 август 2016. http://meta.mk/grtsija-izrazi-sochustvo-za-zhrtvite-od-poplavite/. конс. 8 август 2016 г. 
  15. „Хан изрази сочувство и понуди помош“ (на македонски). ПлусИнфо. Скопје. 7 август 2016. http://plusinfo.mk/vest/81298/han-izrazi-socuvstvo-i-ponudi-pomosh-. конс. 8 август 2016 г. 
  16. „Косовскиот премиер изрази сочувство и подготвеност за помош“ (на македонски). МИА. Скопје. 7 август 2016. http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/128/133290679. конс. 8 август 2016 г. 
  17. „Вучиќ: Србија е подготвена да и’ помогне на Македонија“ (на македонски). Радио Мрежа Канал 77. 7 август 2016. http://kanal77.mk/%D0%B2%D1%83%D1%87%D0%B8%D1%9C-%D1%81%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD/. конс. 8 август 2016 г. 
  18. „Српски специјалци со голем број на опрема и техника тргнаа кон Скопје да помогнат“ (на македонски). 21 ТВ. 8 август 2016. http://tv21.tv/mk/?p=97811. конс. 8 август 2016 г. 
  19. Грешка: no |title= specified при употребата на {{Cite web}}“ (на македонски). facebook. 8 август 2016. https://www.facebook.com/739150302771818/photos/a.745264732160375.1073741828.739150302771818/1201524429867734/?type=3&theater. конс. 8 август 2016 г. 
  20. „Сочуство од министерот за надворешни на Холандија до Македонија“ (на македонски). Нова ТВ. Скопје. http://novatv.mk/sochustvo-od-ministerot-za-nadvoreshni-na-holandija-do-makedonija/. конс. 10 август 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]