Невини луѓе со валкани раце

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Невини луѓе со валкани раце“ (француски: Les innocents aux mains sales) — француско-италијанско-германски филм од 1975 година, режиран од Клод Шаброл (Claude Chabrol), кој е автор и на сценариото, засновано врз романот „Проколнатите невини луѓе“ (The Damned Innocents) на Ричард Нили (Richarda Neely).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Луј е богат човек кој живее повлечен живот во Сен-Тропе, заедно со младата сопруга Жили. Тој има болно срце, но и покрај тоа, премногу пие алкохол. Двајцата сопружници спијат во посебни соби. Жили го запознава писателот Џеф и започнува љубовна врска со него. Набргу, тие прават план: таа да го заспие Луј, Џеф да го фрли неговото тело во вода и потоа да побегнат во Италија. Меѓутоа, Џеф исчезнува, заедно со парите од Луј. Така, таа останува без сопругот, без љубовникот и без пари, а истовремено полицијата се сомнева дека таа го извршила убиството...

Наводи[уреди | уреди извор]