Невината сопруга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Невината Сопруга
Жанрдрама, теленовела, историска
Создадена одЛилијана Абуд
УлогиАдела Нориега
Хорхе Салинас
Серхио Сендел
Наталија Есперон
Лилија Арагон
Воведна тема"Que Voy Hacer Con Mi Amor", Алехандро Фернандес
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди65
Продукција
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехија Алехандре
МестоположбаГрад Мексико
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Хронологија
СледбеникАлборада (2005-2006)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/laesposavirgen/

Невината Сопруга е мексиканска историска теленовела снимана во 2005 година, во 65 епизоди. Серијата кај нас се емитуваше на Сител телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Преку планината “Сан Франциско де лос Ареланес”, возот секогаш поминува во тивка ноќ. Група војници, предводена од капетанот Фернандо Ортиз се наоѓаат во возот. Тој е задолжен за превозот на телото на својот покоен вујко, Франциско Ортиз. Во истиот воз патува и младата жена на генералот, вдовицата Вирхинија, со својот брат Диего и Валдес, помошникот на генералот. Фернандо на почетокот ја презира Вирхинија, бидејќи е уверен дека таа се венчала за неговиот вујко само за да го стекне неговото богатство. Сите жители на малиот град ја сметаат Вирхинија за лоша жена, освен месниот градоначалник Хосе Гвадалупе и неговата жена Бланка, која е тешко болна. Мајката на Фернандо, Аурелија, со помош на злобниот Кристобал, ќе се обидуваат да го украдат сето богатство на Вирхинија и да ја избркат од имотот во кој моментално престојува. Омразата на Аурелија спрема Вирхинија станува уште посилна кога дознава дека нејзиниот син се заљубил во неа. Во меѓувреме, Вирхинија и Бланка стануваат пријателки. Бланка знае дека Хосе Гвадалупе ја мами со амбициозната Олга. Знае и дека набргу ќе умре, и се прашува што ќе биде со нејзиниот маж и нивната ќерка, Марисол. Набргу, Вирхинија и Хосе Гвадалупе се заљубуваат еден во друг, но љубовта е забранета, бидејќи Вирхинија не сака да ја измами нејзината пријателка. Вирхинија ќе мора да се спротивстави на злобните Аурелија и Кристобал, и на љубовта која ја чустувува кон Хосе Гвадалупе.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Адела Нориега Вирхинија
Хорхе Салинас Хосе Гвадалупе
Серхио Сендел Фернандо
Наталија Есперон Бланка
Лилија Арагон Аурелија
Арлет Теран Олга

Невината Сопруга на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Црна Гора: Пинк М

Надворешни врски[уреди | уреди извор]