Небреговски манастир

Координати: 41°27′40.6″N 21°34′13.4″E / 41.461278° СГШ; 21.570389° ИГД / 41.461278; 21.570389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Небреговски манастир
Дворот на манастирот
Информации
Целосно имеНебреговски манастир
Други имињаМанастир „Свети Јован Крстител“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Јован Крстител
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Јован Крстител“
Личности
Место
Местово близина на Небрегово, Општина Долнени Македонија Македонија
Координати41°27′40.6″N 21°34′13.4″E / 41.461278° СГШ; 21.570389° ИГД / 41.461278; 21.570389
Видливи остатоциедна црква, конак, археолошко наоѓалиште
Отворен за јавностада
Други информации(Варошка парохија)

Небреговски манастирманастир во средишниот дел на Македонија, на западните падини на планината Бабуна, во близина на селото Небрегово.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква и пвиот дел од конакот во 1970 година.[2]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и археолошко наоѓалиште.

Конак[уреди | уреди извор]

Манастирскиот конак се состои од два споени дела во јужниот и западниот дел од дворот на манастирот. Неговата изградба била поттикната од Пере Јончески и Миле Младеноски од селото Небрегово. Првиот дел од конакот бил изграден во 1970 година, а потоа неколкукратно бил доградуван и конечно бил довршен во 1992 година, кога и бил осветен. Западниот дел бил довршен во текот на 2010-тите години.[2]

Црква „Свети Јован Крстител“[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1970 година по барање на селскиот црковен одбор на место каде што во минатото се наоѓала постара црква. Темелите на новоизградената црква биле осветени на 17 мај 1992 година. Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна.[2]

Археолошко наоѓалиште[уреди | уреди извор]

Археолошкото наоѓалиште се наоѓа источно од манастирската црква, непосредно од десната страна на влезот од дворот на манастирот. На ова место се остатоци од базилика градена од кршен камен и варов малтер.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово“. OldPrilep. 25 мај 2012.
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]