Небо од ванила (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Небо од ванила (англиски: Vanilla Sky) е американски филм од 2001 година, во режија на Камерон Кроу. Главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Пенелопе Круз, Камерон Дијаз, Курт Расел, Џејсон Ли, Тилда Свинтон итн. Овој романтичен трилер е американска обработка на шпанскиот филм од 1997 година „Отвори ги очите“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејвид Ејмс (го игра Том Круз) е згоден, харизматичен и успешен деловен човек од Њујорк, кој е обвинет за убиство. Тој му ја раскажува својата приказна на полицискиот инспектор Мекејб (го игра Расел), која вклучува повеќе испреплетени приказни: Дејвид е главен акционер во една фирма која ја наследил од своите починати родители; бидејќи тој се однесува неодговорно кон фирмата, одборот на директорите сака да се ослободи од него; неговата долгогодишна врска со Џули (ја игра Дијаз); неговото големо пријателство со Брајан, кој на една забава се појавува со Софија (ја игра Пенелопе Круз) во која се вљубува Дејвид; неговото лице е уништено во сообраќајна несреќа во која загинува Џули итн. Но, како што ја раскажува приказната, Дејвид не е сигурен што е вистина а што е само фантазија...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Романса меѓу јавето и сонот“, Антена, број 884, 5.6.2015, стр. 3.