Неаполски сладолед
Неаполскиот сладолед, исто така познат и како сладоледот Харлекин, е сладолед кој е составен од три вкуса (обично ванила, чоколадо и јагода ) наредени еден до друг. Иако Неаполитан е поврзан со Неапол во Италија, за прв пат тој бил забележан во Прусија во 1839 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Неаполскиот сладолед бил првиот рецепт за сладолед кој што се состоел од три вкуса. Првиот забележан рецепт е создаден од главниот готвач на кралското пруско домаќинство Луј Фердинанд Јунгиус во 1839 година, кој го посветил рецептот на благородникот Фирст Пиклер.
Името „неаполитан“ на англиски јазик се појавило кон крајот на 19 век поради несигурноста за неговото потекло, со оглед на репутацијата на Италија за сладолед или затоа што неговите бои - првично зелена (фстак), бела (ванила) и црвена (цреша) - се совпаѓале со боите на италијанското знаме. Раните рецепти содржеле повеќе различни вкусови, но комбинацијата од чоколадо, ванила и јагода станала стандард, очигледно затоа што овие биле најпопуларните вкусови во Соединетите Држави во времето на неговото воведување.
Торта
[уреди | уреди извор]Во Австралија, неаполската торта или мермерната торта се прави со истите три бои на неаполскиот сладолед измешани во мермерена шара, обично прелиени со розева глазура.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]
Неаполски сладолед на Ризницата ?
- Список на вкусови на сладолед
- Прекрасно ледено лижавче, користејќи ги истите три бои
- Спумони
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Neapolitan cake“. Queen Fine Foods.
Извори
[уреди | уреди извор]- Olver, Lynne (1999). „Food Timeline – history notes: ice cream & ice“. The Food Timeline. Посетено на 3 April 2006.