На прагот на животот (филм)
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
На прагот на животот (шведски: Nära livet), познат и како „Толку блиску до животот“ (во Обединетото Кралство), е шведски филм од 1958 година, во режија на Ингмар Бергман. Главните улоги ги толкуваат Ева Далбек (Eva Dahlbeck), Ингрид Тулин (Ingrid Thulin) и Биби Андерсон (Bibi Andersson).
Синопсис
[уреди | уреди извор]Филмот претставува суптилен есеј за мајчинството. Сесилија, Стина и Хједрис се сместени во иста болничка соба во акушерска клиника. Сесилија има спонтан абортус, а Стина раѓа мртвороденче. Хједрис носи вонбрачно дете кое сака да го абортира, но по наговор на своите цимерки од болничката соба, се одлучува да го задржи бебето.