На плажата Чезил

Од Википедија — слободната енциклопедија
На плажата Чезил
Британско издание
АвторИјан Мекјуан
Изворен насловOn Chesil Beach
ЗемјаВелика Британија
ЈазикАнглиски
ЖанрФикција
Издадена
2007
Страници166
OCLC76797966

На плажата Чезил (англиски: On Chesil Beach) е роман на британскиот автор Ијан Мекјуан, објавен во 2007 година. Овој роман се најде во потесен избор за наградата Букеровата награда за најдобар роман во 2007 година.

Вашингтон Пост и критичарот добитник на Пулицер Џонатан Јардли го поставија романот на списокот на најдобрите десет романи во 2007 година, фалејќи го авторот: „Фикцијата на Мекјуан станува сè подобра“.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во јули 1962 година, Едвард Мејхју и Флоренс Понтинг - млад, тукушто венчан брачен пар - се наоѓаат во хотел на плажата Чезил. Таму се на нивниот меден месец. За време на вечерта во која ќе треба да го конзумираат бракот за првпат, и двајцата се сеќаваат на настаните што довеле до нивната средба, како и на нивниот живот пред да се венчаат.

Но Едвард и Флоренс се различни: Едвард е паметен, но брзоплет и сексуално мотивиран; Флоренс, поради кодот на однесување во тоа време, е преплашена од интимност. Оваа разлика ќе доведе до конечна промена во нивната врска.

Романот ги истакнува карактерните разлики на ликовите, како и нивните ставови и развитокот на нивната љубов во осамнувањето на сексуалното будење во 1960-те во Британија.

Филмска адаптација[уреди | уреди извор]

Мекјуан објави дека напишал сценарио за „На плажата Чезил“ и дека Сем Мендез ќе биде режија. Се надева дека снимањето ќе почне на крајот од 2010 година. Исто така, има изјавено дека сака Кери Малиган да ја глуми Флоренс.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]