Наќо Ангелов
Наќо Ангелов - Рочко | ||
Роден | 1921 година Ваташа, Кавадарци | |
---|---|---|
Починал | 13 април 2003 година Прага, Чешка | |
Националност | Македонец | |
Познат | Македонски партизан, борец во НОБ. | |
Татко | Ташо Ангелов | |
Мајка | Лена Ангелова | |
Брат | Димката Ангелов Габерот | |
Брат | Боро Ангелов |
Наќо Ангелов - Рочко ( 1921 во Ваташа — 13 април 2003 во Прага, Чешка) — учесник во НОВ на Македонија, брат на Димката Ангелов-Габерот и Боро Ангелов - Ваташки.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Борбен пат
[уреди | уреди извор]Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Кавадарци, по што како државен стипендист заминал во Скопје. Во напредното младинско движење се вклучил во 1940 година. Во текот на 1941 година бил избран за секретар на една скоевска ќелија во Ваташа во која членувале пет члена. За време на престојот на борците од велешкиот партизански одред "Димитар Влахов" во атарот на Ваташа, Наќо заедно со уште неколкумина младинци се грижеле за нивното сместување, престој и исхрана.[1]
По илегализирањето на неговиот постар брат Димката во 1942 година, Наќо и неговиот татко Ташо се уапсени и затворени во кавадаречкиот затвор. Тој е еден од првите борци на одредот "Добри Даскалов", а подоцна и на баталјонот "Страшо Пинџур". Неговиот борбен пат продолжил во Втората македонска ударна бригада, а по формирањето на Командата на тиквешкото воено подрачје бил назначен за нејзин командант кој под своја команда имал 80-сетина борци. За време на престојот на борците од Втората Македонска ударна бригада во Зборско, бил именуван за политички комесар на партизанската болница во Зборско.[1]
По ослободувањето
[уреди | уреди извор]По ослободувањето на Кавадарци во почетокот на ноември 1944 година, бил формиран Народно-ослободителен одбор (НОО) од 13 члена, а Наќо бил избран за раководител, односно проначалник на просветниот оддел.[1]
По ослободувањето Наќо живеел и работел во Прага, Република Чехословачка како инживер. Починал на 13 април 2003 година во Прага.[1]