Најџел Рио-Кокер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Најџел рио Кокер
Nigel Reo-Coker
Лични податоци
Роден на 5 февруари 1984(1984-14-05)(39 г.)
Роден во Лондон, Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Болтон
Број 19
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2004 ФК Вимблдон 58 (6)
2004-2007 ФК Вест Хем Јунајтед 125 (11)
2007–2011 Астон Вила 102 (1)
2011– Болтон 18 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Најџел Шола Андре Рио-Кокер (роден на 14 мај 1984 во Кројдон, јужен Лондон) — англиски фудбалер со потекло од Сиера Леоне. Тој е играч од средината на теренот, кој моментално игра за Астон Вила каде што тој е заменик капитен. Тој е познат како робусен играч од средниот ред, со добра стартност и добри додавања. Рио-Кокер помина преку младинските категории на Вимблдон во првиот тим, приклучувајќи се на Вест Хем во 2004 година, за во 2007-ма година да премине во неговиот сегашен клуб Астон Вила.

ПОТЕКЛО[уреди | уреди извор]

Рио-Кокер е роден во болницата во западен Мидлсекс, во истоимениот град. Како дете, Рио-Кокер помина шест години во Сиера Леоне, каде што неговиот татко Ренсфорд бил лекар. Тој се врати повторно во Лондон со неговата мајка, Агнес Лусинда, сестрите Натали и Ванеса и братот Глен, откако неговите родители се разделија во 1990 година. Како дете тој учеше во средното училиште Ридлсдаун во Пјурли,Кројдон.

КЛУПСКА КАРИЕРА[уреди | уреди извор]

Вимблдон[уреди | уреди извор]

Рио-Кокер бил забележан од страна на лондонскиот клуб Вимблдон на 12-годишна возраст, додека играл за општината на Кројдон. Тој помина преку младите категории на Вимблдон и стана капитен откако напредуваше во првиот тим. Исто така, додека играше за Вимблдон тој дебитираше за младата селекција на Англија до 21 година. Во Март 2003 година, менаџерот на Портсмут, Хари Реднап склучи договор да го донесе Рио-Кокер во клубот од јужното крајбрежје, во подготовката за нивната прва сезона во Премиер лигата. Финансиските проблеми резултираа играчот да остане во Вимблдон и покрај тоа што тој веќе имаше потпишано со Портсмут. Рио-Кокер имаше 64 настапи за Вимблдон во сите натпреварувања, постигнувајќи 6 гола.

Вест Хем Јунајтед[уреди | уреди извор]

По импресивната прва половина од сезоната 2003-04, тој потпиша за Вест Хем во јануари 2004, велејќи дека: Тоа е голем клуб и постои можност да помине добро и да се врати во Премиерлигата. Воодушевен сум што потпишав и со нетрпение очекувам да добијам шанса да играм. Има голем потенцијал во Вест Хем со играчи и менаџер како што имаме овде. Тој набрзо стана редовен во првиот тим на Алан Пердју и беше промовиран во капитен на клубот. Тој постигна три погодоци, за да му помогне на клубот да влезе во Премиерлигата во 2004-05 преку баражот и го предводеше тимот до финалето на ФА Купот во мај 2006.

Сезоната 2006-07 во Премиерлигата започна помалку успешно за Вест Хем, а Рио-Кокер беше издвоен од некои групи како главен виновник за кризата, која го доведе Вест Хем опасно блиску до последните три тима на табелата, што на крајот доведе до разрешување на менаџерот Алан Пердју. Рио-Кокер ја врати својата форма во последниот дел од сезоната и со серијата од седум победи на девет натпревари Вест Хем побегна од зоната за испаѓање во последното коло од сезоната. Рио-Кокер се обиде да ја среди неговата иднина летото пред сезоната 2007-08, изјавувајќи во мај 2007: „Не знам каква е мојата иднина, треба да седнам и да разговарам со претседателот оваа недела. Поминав низ тешка сезона, но тоа ме направи посилна личност и не би променил ништо. Јас сум многу лојална личност, но за да играм најдобро што знам треба да имам среќа. Им ветив на навивачите на Вест Хем, дека ќе помогнам клубот да остане во Премиерлигата и јас го направив тоа“. Рио-Кокер побара трансфер на крајот од сезоната 2006-07, откако управата не успеа да го разубеди во врска со неговата иднина во Вест Хем. Во Јуни Астон Вила објави дека доставиле понуда вредна 7 милиони фунти за Рио-Кокер, а во јули 2007 година Вест Хем и Астон Вила постигнаа договор за потписот на Рио-Кокер вреден околу 8.5 милиони фунти.

АСТОН ВИЛА[уреди | уреди извор]

Рио-Кокер и се приклучи на Астон Вила на 5 јули 2007 за официјални 8.5 милони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор. На прес-конференцијата по потпишувањето, тој зборуваше дека бил “во немилост” од страна на неговиот поранешен клуб Вест Хем Јунајтед и рече дека причина за преминувањето во Вила била „нивната желба да играат во Европа”. Тие имаат талентиран состав и Мартин О’Нил ми кажа што тој има за цел да се направи и јас верувам дека ние можеме да го постигнеме тоа. Рио-Кокер го постигна својот прв гол за Вила во победата од 5-0 над Врексам во второто коло од Лига купот на 28 август. Тој живее во Стоурбриџ, Англија, во близина на неговиот тимски колега Ешли Јанг. На 21 јануари 2008 година, Рио-Кокер беше капитен на Астон Вила во отсуство на постојаниот капитен Герет Бери против Ливерпул на Енфилд. Тој го постигна својот прв гол во Премиерлигата за Астон Вила во победата од 2-1 против Тотенхем на Вајт Харт Лејн. Тој подоцна истата недела повторно постигна гол за израмнување за Вила во Купот на УЕФА против Литекс Ловеч. Вила победи на овој натпревар со 3-1. За време на неговиот престој во Вила, Рио-Кокер игра како десен бек и повремено како десно крило, кога играчите кои вообичаено играат на таа позиција не можат да настапат.

Рио-Кокер беше капитен на Астон Вила во втората фаза на Купот на Мирот во 2009, по повредата на соиграчот Стилијан Петров. Ова беше случај во финалето, откако Вила триумфираше и така Рио-Кокер го подигна трофејот. Рио-Кокер повторно ќе се воспостави како стандарден првотимец во тимот на Вила, по заминувањето на Герет Бери. Сепак, на 18 септември 2009, тој беше вмешан во расправија со менаџерот Мартин О’Нил на игралиштето за тренинг и беше изоставен од тимот на следниот натпревар со Портсмут. Рио-Кокер се врати во живот на почетокот на сезоната 2010-11 под водство на новиот менаџер на Вила Жерар Улие, а по веста во октомври 2010, дека капитенот Петров ќе биде надвор од теренот 2 месеци, Улие го назначи Рио-Кокер за капитен, додека се врати Петров.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА[уреди | уреди извор]

Англија[уреди | уреди извор]

Рио-Кокер првпат беше избран во младиот тим на Англија до 21 година против Турција во октомври 2003 година. На 24 март 2007 година, Рио-Кокер ја предводеше младата репрезентација на Англија до 21 година против Италија, со што стана првиот Англичанец капитен на тим на новиот стадион Вембли. Натпреварот заврши со резултат 3-3.

Во Мај 2006 година, Рио-Кокер беше избран за резерва во средниот ред во составот на Англија за Светското првенство 2006. Сепак, на 22 мај, Фудбалската Асоцијација објави дека Рио-Кокер ќе биде заменет со Фил Невил, поради проблемите со грбот на Рио-Кокер кој го оневозможија да учествува на Светското првенство.

Тој беше капитен на селекцијата на Англија до 21 година во текот на Првенството за играчи до 21 година во 2007. Вториот жолт картон на турнирот, добиен непотребно во полуфиналето против домаќинот Холандија, значеше дека тој ќе го пропушти финалето ако Англија помине понатаму. Исто така значеше, дека натпреварот ќе биде последен за него во тимот, поради неговата возраст. Полуфиналето се одлучи на пенали, и на крајот Холандија победи со 13-12, а шутот на Рио-Кокер во пенал серијата беше одбранет.

ПОДОБНОСТ ЗА СИЕРА ЛЕОНЕ[уреди | уреди извор]

Рио-Кокер има потекло од Сиера Леоне и има изјавено дека тој во иднина ќе разгледа каков било повик од оваа западноафриканска држава.

Во Мај 2010 година, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне Наим Кади, објави дека е заинтересиран да го покани Рио-Кокер да се приклучи на националниот состав на Сиера Леоне во квалификациите Светското првенство 2014 година. Кади изјави дека големото искуство и способност за водење на играчот ќе бидат од голема вредност за тимот.

На 20 септември 2010 година, беше откриено дека менаџерот на Сиера Леоне, Кристијан Кол, одлучил да го запише Рио-Кокер во неговиот состав за квалификацискиот натпревар против Јужна Африка за пласман на Африканскиот Куп на Нации. Сепак, Рио-Кокер подоцна ја отфрли можноста да ја претставува земјата, тврдејќи дека сака да се концентрира на неговата игра во Астон Вила, а можеби дури и да се врати во составот на Англија во иднина.

Титули[уреди | уреди извор]

Вест Хем Јунајтед

  • Победник во баражот во Чемпионшип дивизијата за пласман во Премиерлигата во 2005 година.
  • ФА-Куп: финалист во 2006 година

Астон Вила

  • Куп на Мирот: победник во 2009 година
  • Карлинг Куп: финалист во 2010 година