Најдо Здравковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Најдо Здравковски
Роден 1922 година
Градовци, Зелениково, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април 1945 година
Банова Јаруга, Хрватска

Најдо Трајчев Здравковски ( 1922 во Градовци, Зелениково, Скопско16 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во сиромашно селско земјоделско семејство. Завршил основно училиште во селото.

По ослободувањето на Скопје со неколку соселани, стапил во 7 бригада на 42 македонска ударна дивизија. Во текот на борбите што ги водела неговата единица, загинал кај Банова Japyгa, на Сремскиот фронт, на 16 април 1945 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 64. На |first= му недостасува |last= (help)