Најгрдата убавица

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Најгрдата Убавица)
Најгрдата убавица
Податотека:Lfmbtitle.jpg
Лого
Жанркомедија, теленовела
Создадена одФернандо Гајтан
УлогиАнхелика Вале
Хаиме Камил
Елизабет Алварез
Патрисија Навидад
Агустин Арана
Воведна тема"La Fea Mas Bella" , Bacilos
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди300
Продукција
Извршен продуцент(и)Роси Окампо
МестоположбаГрад Мексико
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Првично прикажување23 јануари 2006 – 25 февруари 2007
Хронологија
СледбеникГо сакам Хуан Куерендон (2007–2008)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/lafeamasbella

Најгрдата убавица (шпански: La Fea Más Bella), е една од најновите продукции на телевизиската куќа Телевиса. Серијата во Мексико започна со прикажување во почетокот на 2006 година. Оваа теленовела се смета за една од најдобрите и најуспешните теленовели во Мексико, во последните 10 години. Серијата е полна со хумор, како и со романтични сцени. Насловната нумера ја испеа мексиканската група Бацилос. Кај нас серијата се емитува на Сител Телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Патрисија Навидад во улогата на убавата Алисија

Лети е млада, драга и симпатична, интелигентна девојка, но тотално непривлечна. Нејзините родители, Ерасмо и Хулиета, се бореле за на Лети да и пружат најдобро школување и дипломирала економија како најдобра во генерацијата и магистрирала финансии. Нејзиниот најдобар пријател е Томас, со кој ги дели нејзините солзи и смеи. Томас е паметен, но непривлечен како и Лети. Лети не ја гледа својата грдост како препрека, и поверливо оди кон барање на работа, но за жал открива како нејзината вештина и знаењето не се доволни за работата која ја бара, дури сите барат и подобри, околку згоден изглед. Како и да е, работата е работа и она ја прифаќа работата како секретарка во фирмата "Консептос", во најпознатата продуцентска куќа во земјата, кои ја основале Дон. Умберто Мендиола и Хулијан Виљароел. Сега кога Дон. Умберто заминува во пензија, неговиот син Фернандо и синот на неговиот партнер, Ариел Виљароел, се натпреваруваат за директор на фирмата. Фернандо победува со еден глас, кој му го дава Марсија Виљароел, голема акционерка и негова девојка. Арогантниот Ариел само чека Фернандо да се откаже од работа, како би го преземал неговото место. Ривалката на Лети за местото за секретарка во фирмата е преубавата Алисија Фереира, обична и привлечна жена без знаење и искуство. Фернандо ја одбира Лети како секретарка, која навистина е најдобра кандидатка, освен она што ја прави непривлечна. Марсија ја зема таа причина како Алисија исто така би ја добила работата. На крајот и двете остануваат фо фирмата; Алисија како рецепционерка и добива трипати поголема плата од Лети, која добива мал простор во канцеларијата на Фернандо, и се грижи за неговиот распоред. Лети е среќна што Фернандо е на нејзина страна, станува негова пријателка, што ги прави Марсија и Алисија како нејзини непријателки. Но, проблемите на Лети во фирмата само што почнуваат: компанијата запаѓа во финансиски пробелми. За да се соочи со проблемите, Лети се заљубува во Фернандо, но се чуди како толку убав маж може да се заљуби во неа? Како и да е, интелегенцијата на Лети и тешката работа ќе и донесат позитивни резлутати во работниот круг, што се не би можело да се рече и за љубовниот круг.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Анхелика Вале Летисија Падиља Солис
Хаиме Камил Фернандо Мендиола
Елизабет Алварез Марсија Виљароел
Патрисија Навидад Алисија Фереира
Агустин Арана Омар Карвахал
Луис Мануел Авиља Томас Мора
Анхелика Марија Хулиета Падиља Солис
Хосе Хосе Ерасмо Падиља
Серхио Мајер Лујџи Ломбарди
Раул Магања Ариел Виљароел

Грдата Лети на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Црна Гора: Пинк М
Грција: Алфа ТВ
Хрватска: Нова ТВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]