Нашите предци

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Нашите предци“ (италијански: I nostri antenati) е трилогија на италијанскиот писател Итало Калвино, составена од три романи: „Баронот на дрво“, „Преполовениот виконт“ и „Непостоечкиот витез“, напишана меѓу 1951 и 1959 година.

Трилогијата опфаќа три „историски“ фантастични приказни, кои се случуваат на измислени места и на работ на реалноста. За нив, Калвино рекол: „...сакав да бидат три „отворени“ приказни, кои ќе го започнат својот вистински живот во непредвидливата игра на прашањата и одговорите кои ќе се придвижат во читателот. Би сакал да бидат сфатени како генеалошко стебло на предците на современиот човек, каде секое лице крие некои црти на личностите кои нè опкружуваат, вашите, моите...“[1]

Оваа трилогија е едно од најпознатите и најчитаните дела на Калвино.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Italo Kalvino, Naši preci, Paideia, Beograd, 2007.