Нашата постхумана иднина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нашата постхумана иднина  
Posthuman future.jpg
АвторФренсис Фукујама
Наслов на
оригиналот
''Our Posthuman Future''
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Жанр(ови)Филозофија
Издаденапрво издание: 2002 година во САД

Нашата постхумана иднина (англиски: Our Posthuman Future) e книга на Френсис Фукујама објавена во 2002 година. Во неа, Фукујама дискутира за потенцијална закана за либералната демократија од употребата на нови биотехнологии.

... во Прекрасниот нов свет злото не толку видливо бидејќи никој не е повреден, всушност, тоа е свет во кој секој го добива она што го сака. И како што една личност кажува, "контролорите разбрале дека силата не е добра" и дека луѓето треба да се намамат отколку да се присилат да живеаат во едно друштвено уредување. Во таков свет, болеста и социјалните конфликти биле укинати, во него нема депресија, лудило, осаменост или емоцијални пореметувања, сексот е добар и е лесно достапен. Постои дури и министерство кое се грижи во намалување на времето помеѓу појавата на желбата и нејзиното исполнување на минимум. Никој повеќе, религијата не ја смета за сериозна, никој не се испитува себеси ниту се препушта на невозвратени стремежи, биолошкото семејство е укинато, а Шекспир никој не го чита. Меѓутоа, никому (со исклучок на Џон Дивјакот, протагонист на книгата) овие нешта не се потребни, бидејќи сите се здрави и среќни... По објавувањето на овој роман, имало можеби неколку милиони школки писмени задачи на темата - "Што не е во ред со сликата на овој свет?" Дадениот одговор... главно изгледал вака: луѓето во Прекрасниот нов свет можеби се здрави среќни, меѓутоа престанале да бидат човечки суштетсва. Тие повеќе не се борат, не тежнеат кон ништо, не сакаат, не чуствуваат болка ниту мораат да донесуваат тешки морални решенија, тие повеќе немаат семејство ниту прават нешто од ние нешта што се традиционално поврзани за човечноста. Тие луѓе ги немаат особините кој во нас го создаваат чуството за достоинство... повеќе не може да се зборува за човечката раса, бидејќи луѓето се израснати од контролори, делејќи ги на посебни класи: алфа, бета, ипсилон и гама, кој се одалечени едни од други како што човекот е одалечен од животните. Нивниот свет станал неприроден во најдлабоката можна смисла на зборот, бидејќи е променета нивната човекова природа... [1]


Изданија[уреди | уреди извор]

Поврзано =[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Our Posthuman Future: Consequences of the Biotechnology Revolution