Прејди на содржината

Национален парк Теодор Рузвелт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Теодор Рузвелт
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
Поглед на неплодните предели и реката Литл Мисури
Поглед на неплодните предели и реката Литл Мисури
МестоБилингс и Макензи, Северна Дакота, САД
Најблизок градМедора
Координати46°58′N 103°27′W / 46.967°N 103.450°W / 46.967; -103.450
Површина285.08 км2
Основанноември 10, 1978; пред 47 години (1978-11-10)
Посетители668,679(во 2022)
Управен органСлужба за национални паркови на САД
WebsiteНационален парк Теодор Рузвелт

Националниот парк Теодор Рузвелтнационален парк на Соединетите Американски Држави во неплодните предели на западна Северна Дакота, кој се состои од три географски одвоени области. Овој парк оддава почит на времето што Теодор Рузвелт го поминал во околното подрачје и на териториите на Дакота пред тие да станат држави. Рузвелт живеел во областа откако неговата мајка и сопруга починале со неколку часа разлика на 14 февруари 1884 година. Националниот парк Теодор Рузвелт е единствениот американски национален парк именуван по едно лице.

Паркот зафаќа површина од 285.08 км2 од земјиште во неговите три единици:

Реката Литл Мисури тече низ сите три единици на паркот. Патеката Ма Да Хај ги поврзува сите единици. Поголемата Јужна единица на паркот е со местоположба покрај меѓудржавниот автопат 94 во близина на Медора, Северна Дакота. Помалата Северна единица се наоѓа 130 километри северно од Јужната единица, Рузвелтовиот Елкохорн ранч се наоѓа помеѓу Северната и Јужната единица.

Двата главни единици во паркот имаат живописни патеки за возење, приближно 160 километри од патеки за пешачење во природа и јавање на коњи, набљудување диви животни, кампување и друго. Паркот примил 668,679 рекреативни посетители во 2022 година.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Служба за национални паркови во САД - Извештај на посетители“. Посетено на 2 октомври 2025.