Национален парк Сутјеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Сутјеска
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Sutjeska Mountains.jpg
МестоБосна и Херцеговина
Најблизок градФоча
Површина175 km2 (68 sq mi)
Воспоставен(а)1962

Национален парк Сутјеска — најстар национален парк во Босна и Херцеговина, во ентитетот Република Српска. Сутјеска била назначена како национален парк во 1965 и се протега на површина од 17.250 -{ha}-. Најблизок град е Фоча. Паркот се наоѓа на магистралниот пат БелградВишеград–Фоча–ТентиштеБилеќаДубровник.[1][2][3]

Општо[уреди | уреди извор]

Во паркот се наоѓаат едни од четирите остатоци од прашуми во Европа, Перуќица.[4] Во Сутјеска се наоѓа и највисокиот врв во Република Српска, Маглиќ во висина од 2386 метри.

Маглиќ се наоѓа на самата граница со Црна Гора и кон неа може да се пристигне преку националниот парк, што е голем предизвик за планинарите. Реката Сутјеска долго време го пресекувала овој пат со кањон и тече низ самата средишнина на паркот.

Паркот исто така има големо богатство од растителниот и животиснки свет. Поради тоа, овој предел сè уште е привлечен за голем број научници и истражувачи.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Towards the Network of Mountain Protected Areas in the Balkans and the Dinaric Arc“ (PDF). ENVISEC Environment and Security and UNEP. стр. 28–30. Архивирано од изворникот (pdf) на 2016-03-04. Посетено на 16 July 2011.
  2. „World Bank Project Brief on a proposed Grant from the Global Environment Facility Trust Fund in the Amount Of Usd 3.4 million to the Government of Bosnia and Herzegovina for a Forest And Mountain Protected Areas Project“. Scribd.com. 2 May 2006. стр. 28, 34. Посетено на 16 July 2011.
  3. „National Parks“. The Sutjeska National Park. Consul General of BiH in Chicago. Архивирано од изворникот на 2011-06-13. Посетено на 7 July 2011.
  4. „Maglić / Bioč / Volujak / Trnovački Durmitor / Vlasulja“. summitpost.org. Посетено на 11 July 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]