Национален парк Словачки карст

Координати: 48°36′00″N 20°31′44″E / 48.60000° СГШ; 20.52889° ИГД / 48.60000; 20.52889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Словачки карст
Národný park Slovenský kras
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Кањон Задиелска тиеснава
МестоЈугоисточна Словачка, планински венец Словачки карст
Координати48°36′00″N 20°31′44″E / 48.60000° СГШ; 20.52889° ИГД / 48.60000; 20.52889
Површина346.11 km2
Воспоставен(а)1 март 2002
Управно телоSpráva Národného parku Slovenský kras (Управа на Националниот парк Словачки карст) во Брзотин

Национален парк Словачки карст (словачки: Národný park Slovenský kras) — национален парк во планинскиот венец Словачки карст (словачки: Slovenský kras) во Југоисточна Словачка. Лежи во областите Гелница, Рожава и Кошице-околие во регионот Кошице. Националниот парк зафаќа површина од 346,11 км2 и неговата тампон-зона опфаќа 117,41 км2.

Паркот е основан на 1 март 2002 година, откако бil заштитено пределско подрачје од 1973 година. Словачки карст е првиот словачки биосферен резерват од 1 март 1977 година, кога беше вклучен во Програмата на УНЕСКО за човекот и биосферата. Во 1995 година, 12 од 700 пештери во паркот биле признати како светско наследство на УНЕСКО.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]