Национален парк Серенгети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк
„Серенгети“
МСЗП Категорија II (национален парк)
Serengeti-Landscape-2012.JPG
Местоположба на подрачјето<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -200%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Местоположба на подрачјето
Место Танзанија
Површина 14.750 square kilometres (5.700 ми) км2
Основано 1951
Посетеност 350,000 per year[1]
Управа Tanzania National Parks Authority
Тип: Natural
Критериуми: vii, x
Прогласено: 1981 (5th session)
Број 156
State Party: Танзанија
Region: Африка

Серенгетинационален парк кој се наоѓа во истоимената област во Танзанија, Источна Африка. На јазикот на Масаите, Серенгети значи „бескрајна рамница“. Регионот на Серенгети го вклучува Националниот парк Нгоронгоро, Масва, Лолиондо, Грумети и Икоронго контролиранара земја, како и Масаи Мара, националниот парк во Кенија[2][3]. Преку 90,000 туристи годишно го посетуваат паркот.

Серенгети бил основан во 1940 година. Зафаќа површина од 14.763 km²[4]. Во 1959 година од Серенгети бил одвоен резерватот Нгоронгоро. Еко-системот на Серенгети е еден од најстарите на планетата. Посебните карактеристики на климата, вегетацијата и животинскиот свет многу малку се промениле во последните милиони години.

Миграцијата е таа по која Серенгети е можеби најпозната. Повеќе од 1,5 милиони гну и 250,000 зебри мигрираат секоја година, односно се движат јужно од северните брда во јужните полиња за време на краткотрајните дождови секој октомври и ноември, и потоа вртат кон запад и север после долгите дождови во април, мај и јуни.

Во овој национален парк живеат лавови, леопарди, слонови, носорози, биволи, хиени, гепарди, зебри, грабливи птици и.т.н.

Серенгети е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]